Дали е време да се вратат специјализираните GNU/Linux гејминг дистрибуции?

Гејмањето никогаш не било поврзано со GNU/Linux, но откако работите почнаа да се менуваат и излезе Steam за GNU/Linux, сѐ повеќе корисници се забавуваат играјќи ги своите игри преку својот систем. Додека некои развиваат игри само за Windows платформата, id Software која стои позади Quake и Doom, своите игри ги објавуваат за Linux, Windows и Mac. Но, id Software одите чекор понапред во промоцијата на гејмингот на Linux со тоа што го отвори кодот на својот енџин, па како резултат на тоа беа развиени неколку игри базирани на Quake 3 енџинот – Urban Terror, World of Padman, Tremulous.

Како бројот на игрите за Linux се зголемуваше, започна и периодот на првите специјализирани дистрибуции за гејминг. Некогаш популарниот веб-сајт за Linux игри, linux-gamers.net во 2007-ма година објави своја компилација наречена linuX-Gamers Live која ги содржеше најпопуларните игри во тоа време. Дистрибуцијата се содржеше од неколку поедноставни и поголеми игри, и последните драјвери од Nvidia и ATI.

Kако што пишува Muktware, слична Live дистрибуција наречена SuperGamer беше објавена и во 2009-та година. За разлика од linuX-Gamers која не нудеше ништо друго освен игрите и драјверите, SuperGamer покрај својата огромна колекција на игри и драјвери, ги содржеше и OpenOffice, Azureus, GIMP и слични апликации. SuperGamer дури го имаше инсталирано и Wine, така што корисниците би можеле да ги играат своите Windows игри на Linux.

Сепак, овие две Linux гејминг дистрибуции згаснаа во 2011 година, а единствена преживеана таква дистрибуција е Ubuntu GamePack. За разлика од претходните две, UGP не е Live дистрибуција, но нуди одлични пакети со игри кои можете да ги инсталирате на својот компјутер.

Дали во скоро време би можеле да очекуваме специјализирана гејминг дистрибуција? За разлика од порано кога постоеле сите овие дистрибуции, гејминг не бил толку во преден план на компаниите кои се бавеле со тоа, но денес со Steam можеме вистински да уживаме во квалитетот на игрите. Team Fortress 2, Trine 2, Half-Life… се само дел од поголемите наслови кои ги има на таа гејминг платформа.

Сега, откако голем број од вашите омилени игри се достапни и на Linux, дали сте размислувале за префрлање на овој оперативен систем? Кое е вашето мислење за специјализирана гејминг Linux дистрибуција?

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@XenToox
9 years ago

И јас го имам истиот проблем со GT630M, по незнам колку обиди да го инсталирам драјверот од нвидиа, цел оперативен си го уништувам и се што имаме како солуција е "bumblebee"…

@dr_virus
9 years ago

Играм CS без проблем најголем проблем се драјверите за optimus nvidia Според мене Bumblebee не е решение

@deemeetar
9 years ago

Баш вчера размуслував на оваа тема, треба да се извади добро дистро што е можно по light-weight со подршка за драјвери и се остало шо е потребно за гејминг. Сигурно ќе вади подобри перформанси него вин.
Мислам дека со ваков замав и иницијатива има добра шанса да се донесе гејмингот на линукс… се што ги држи на вин е dx ама не е крај на светов и без него доколку линукс корисниците испаднат добар маркет за компаниите.

Христијан
Христијан
9 years ago

Јас сум голем Линукс фан (на некој начин), и постојано го следам развојот на steam, меѓутоа слободно можам да кажам дека линукс уште не е подготвен за играње игри. Тоа го кажувам од лично искуство. Ја купив Serious Sam 3 и прво не сакаше да работи. После некое време излезе бета драјвери за мојата графичка и убаво работеше се додека не стасав до еден дел каде играта постојано ми го закочуваше компјутерот и мораше да правам рестарт цело време, не знам дали играта не е во ред, драјверите или нешто друго но тоа е. За другите игри што се од Valve не знам како работат и дали играат убаво(smooth), но како и да е не сум разочаран, само нека продолжат така.

види ги сите огласи на kariera.it.mk