Chrome го надмина Firefox, Internet Explorer се уште е ужас, но Opera и Safari не се доволно добри за да одиграа некоја позначајна улога во таканаречената „Војна на прелистувачите“. За да бидеме поконкретни во состојбата на прелистувачите треба да ги разгледаме статистиките. Во тоа може да ни помогне анализата на RoyalPingdom кои ги споредија прелестувачите според континентите.

Firefox, Chrome и IE се топ прелистувачи ширум светот, и скоро секаде се тука-некаде во користење. Секој прелистувач е прв на по два континенти, но интересно најголемите разлики можат да се забележат во двете Америки кои не само што се комплетно различни во културите, туку и во сурфањето. Во Северна IE има 40 отсто, во Јужна Chrome е прв со 48 отсо од користеност.
Што се однесува до Македонија, таа е различна од Европа. Според StatCounter од каде се земени статистиките нa RoyalPingdom, во Македонија Chrome се користи од 46 отсто од корисници, Firefox е втор со 39 отсто, а Internet Explorer не користи никој, или поточно само 10 отсто од македонските интернет корисници.

Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.