Бугарскиот EnduroSat обезбеди инвестиција од 43 милиони евра за забрзување на производството на сателити

Бугарската компанија за вселенска технологии и услуги, EnduroSat, дојде до значајна инвестиција од 43 милиони евра. Оваа А-инвестициска рунда на финансирање беше предводена од реномираниот американски фонд за ризичен капитал Founders Fund. Фондот е познат по своите инвестиции во компании како SpaceX, Facebook, Airbnb и Stripe. Во инвестицијата учествуваа и CEECAT Capital, Morphosis Capital и дел од постоечките инвеститори на EnduroSat.

„Ја отстрануваме комплексноста на вселенските мисии со градење и управување со вселенската инфраструктура што им е потребна на нашите клиенти, за да можат да се фокусираат на следниот бран иновации во вселенските апликации. Возбуден сум што ќе соработувам и ќе учам од тимот на Founders Fund, кој носи децении експертиза во скалирање на компании и редефинирање на индустриите. Со зголемување на нашето производство и воведување на нова генерација сателити, ќе го отклучиме пристапот до сателитски соѕвездија за уште повеќе клиенти – со доверливост и транспарентност на цените“, вели Рајчо Рајчев, соосновач на EnduroSat.

Оваа голема инвестиција ќе биде насочена кон неколку клучни области за раст на компанијата. EnduroSat веќе најави дека работи на зголемување на производството на сателити од класата Endurance Gen3. Овие сателити од класата ESPA, се со тежина меѓу 200 и 500 килограми, се софтверски дефинирани и опремени со напредна електроника за летала (авионика). Имаат потполно модуларен дизајн. Ова ги прави одличен избор за оператори на кои им треба брзо распоредување на хиперспектрални камери, широкопојасен интернет, навигација и куп дополнителни функционалности.

Дел од инвестицијата ќе се искористи и за изградба на нов развоен центар во Софија. Во главниот град на Бугарија ќе се изгради нов објект од 17 500 метри квадратни. Целта е просторот да биде еден од најголемите центри за истражување и развој за вселенската индустрија во Европа. Објектот ќе вклучува лаборатории за сателитска авионика, две производни линии, значително проширени чисти соби и опрема за вселенска квалификација, вклучувајќи и анехоична комора. Амбициозната цел е до крајот на 2025 година, EnduroSat да произведува до 60 сателити месечно на оваа локација.

Покрај ова EnduroSat ќе работи и на проширување на моделот „Соѕвездија-како-услуга“ (Constellations-as-a-Service). Компанијата ќе го зајакне својот модел на услуги со фиксни трошоци преку постоечките локации во Европа и САД. Дополнително сакаат да ги зајакнат своите операции во САД. За ова ќе изградат наменска чиста соба во САД за подобра поддршка на клиентите од комерцијалниот и одбранбениот сектор.

„Рајчо и неговиот тим во EnduroSat направија огромен скок: за да се префрлат од користење на традиционални синџири на снабдување во воздухопловството, на користење синџири на снабдување од потрошувачката електроника и автомобилската индустрија. Ова го прави односот на трошоци и перформанси на EnduroSat над сите на пазарот, веќе имаат докажано летачко искуство, со над 3000 модули во орбита. Нивните Gen3- сателити се со доволна големина да бидат соодветни да може да одговорат на речиси секоја вселенска потреба, и да бидат релевантни за секоја вселенска можност.“, вели Делиан Аспарухов, партнер во Founders Fund и ко-основач и претседател на Varda Space Industries за AIN.

EnduroSat е компанија основана во 2015 година од Рајчо Рајчев и Станимир Ганчев во Софија, Бугарија. Компанијата дизајнира и произведува вселенски летала за деловни апликации и мисии за истражување на вселената. Компанијата е препознатлива по развојот на напредни сателити од генерацијата Endurance Gen3, кои се модуларни, со високи перформанси и дизајнирани за брзо склопување и разновидни апликации.

Покрај иновативниот хардвер, EnduroSat нуди и комплетна услуга наречена Space Service, која го покрива целиот циклус на мисијата – од дизајн на соѕвездието до интеграција на товарот, лансирање и операции. Ова им овозможува на организациите да се концентрираат на нивните основни активности, елиминирајќи ја комплексноста и ризикот, додека истовремено ги рационализираат трошоците и временските рамки за секоја фаза од мисијата.

Мисијата на компанијата е „да ja направи вселената универзално достапна, бидејќи тоа фундаментално го подобрува животот на Земјата“, велат од EnduroSat.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk