Пред да биде купен од Facebook, кога беше достапен само за iOS, Instagram се соочи со најголемиот и најневообичаениот проблем – Џастин Бибер. Секој пат кога младиот пејач ќе објавеше фотографија, неговите фанови го преплавуваа сервисот, буквално рушејќи ги серверите на тогаш-едногодишниот стартап. „Моите размислувања беа дека една единствена ѕвезда може да ја уништи целата инфраструктура,“ вели Хуи Динг, програмер на Instagram, за Wired.
Серверите не можеа да го издржат бројот на „лајкови“ на следбениците на Џастин Бибер, што претставуваше огромен приоритет кој мораше да се реши. Причината за забавувањето е што кеш меморијата во серверите на компаниајта не можеа да одговорот на бројот на лајкови и споделувања на сликите. Бибер толку често ги рушел серверите што вработените во Instagram на памет го научиле дигиталниот ID на ѕвездата.
Но, на помош дојде Facebook. Друштвената мрежа го купи Instagram во 2012-та година за нешто блиску до милијарда долари, и му понуди техничко решениe. Facebook има огромни фарми со сервери, но поважно ја сменија практиката за кеширање на лајковите. Решението беше да се денормализираат бројачите, односно креирање на нова база на податоци во која за секоја фотографија се чуваа податоците за лајкови. Така наместо серверите да ги собираат допаѓањата, единствено добиваат повратна информација за вкупниот број.
Instagram сега има над 400 милиони корисници кој дневно прикачуваат над 80 милиони фотографии, 120.000 се во Македонија, и сервисот сега се хостира на серверите на Facebook. Дополнително, апликацијата размислува за скалабилност со повеќе податочни центри на различни место за да се осигура дека никогаш нема да ги сруши ниту Бибер, ниту сите ѕвезди заедно.