Понекогаш е забавно да го „делите“ името со позната јавна личност, иако како што неодамна дозна помалку познатиот Андрес Иниеста, не е секојпат предност. Неочекувано додека г. Иниеста беше на одмор, Instagram без негова дозвола му го украде неговиот профил бидејќи тој го дели името со капитенот на Барселона, Андреас Иниеста.
За брзо време откако му беше блокиран пристап до профилот, г. Иниеста забележа дека фудбалерот постира од неговиот профил @ainiesta. Но, кога г. Иниеста, обичниот граѓанин, се обидел да контактира со Instagram бил игнориран, се додека не напиша блог пост за проблемот кој стана вирален. Откако се прошири приказната му беше вратен профилот, но повторно без коментар од друштвената мрежа. Тоа што изненадува е што разликата помеѓу двајцата е евидентна. Едниот на својот профил следен од стотина луѓе објавува слики од своето семејство, најмногу децата; а другиот од својот профил со над 5 милиони фанови се разбира споделува фотографии од фудбалскиот свет. Интересно помалку познатиот г. Иниеста доаѓа од Мадрид, град од каде доаѓа и најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
„Не направив ништо погрешно, а не само што ги загубив сликите, туку и можноста за споделување на важни моменти со моите пријатели и фамилијата“, вели г. Иниеста за BBC. За жал и покрај враќањето на профилот, г. Иниеста остана без дел од своите фотографии, а до него се обрати и претставник на Барселона кој му објасни дека фудбалерот нема врска со проблемите. Сепак како последица фудбалерот го промени своето Instagram име во @andresiniesta8.








