0 коментари 7 мин. читање 6 април, 2020

Како IBORN #РаботиОдДома

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Неодамна имавме текст за како светските компании се справуваат со пандемијата.

Очекувано најголем дел од вас беше позаинтересиран како со епидемијата се справуваат локалните компании.

Во серија од повеќе текстови ќе се обидеме да презентираме што прават најголем дел од ИТ компаниите кои се од Македонија или имаат канцеларии во Македонија.


IBORN е македонска софтверска компанија основана во 2012. Тимот на IBORN е составен и од искусни експерти и од помлади професионалци, па и студенти. Веќе долго време работат „remote“ па за промените со работа од дома со новонастанатата состојба не им е потребно преголемо привикнување. За состојбата во IBORN зборувавме со основачот и директор на компанијата Игор Стаматовски.

Како се справувате се овие отежнати услови за работа?

Здравствените работници се во првите борбени редови. Тие се нашите херои во моментов. Ние се справуваме, како и со програмирањето, чекор по чекор. Нашата предност како софтверска компанија е што сме доста агилни и ја имаме флексибилноста, лесно да се адаптираме на вакви промени, си помагаме помеѓу себе, а заедно и со партнерите и клиентите. Сега треба да го насочиме напорот во оние индустрии што се најпогодени: туризам, хотелиерство, авионска индустрија, образование. Помагаме на клиентите, за да ни помогнат тие нам понатаму да излеземе заедно посилни. Секоја криза има свој предизивик, и мора добро да се искористи во интерес на сите, да излеземе здрави, и со скратени трошоци, но со нашата најголема вредносот нашите вработени. Ќе има интересни предизвизи од другата страна на тунелот. Сега треба да се биде фокусиран, да се намалат оперативни трошоци и да се издржи ударот. Да бидеме силни и умни.

Какво е влијанието врз работата и клиентите?

Благодарение на современите алатки, лесно комуницираме и меѓусебно и со клиентите. Тука нема промени, освен што не сме заедно во канцеларија. Сега повеќе од секогаш стартуваме интересни проекти за оние клиенти кои се најпогодени да се позиционираат со иновативни идеи како да го амортизираат ударот на кризата, и да се подготват за периодот после тоа. Со владеење на технологијата и алатките, правиме брзи модификации и наоѓаме нови решенија на предизвиците и проблемите во од. Со малку стрес, страв, но со многу ентузијазам, креативност и иновација, секојдневно решаваме проблеми и ќе лансираме нови производи и иницијативи. И за нас. И за нашите клиенти. Ќе ве известиме скоро.

Кои алатки ги користите за да ја олесните работата од дома?

  • Hangouts – communication & meetings
  • Telegram – instant communication and chat
  • Redmine – project management and agile sprint planning
  • Trello – PeopleOps project management & organization
  • Google Drive – centralized document management
  • TeamTailor – Recruitment & HR
  • Manager – Financial Management
  • Bitbucket – GIT
  • TeamCity – Continuous Integration
  • Octopus Deploy – Continuous Delivery
  • AWS
  • Google Cloud
  • Hetnezner
  • Leaseweb
  • Linode
  • GoDaddy
  • Namecheap

Кои се предизвиците при работа од дома?

Немаме некои посебни предизвици што ни влијаат на работата, навикнати сме на remote и обезбедивме се што е потребно за нашите вработени непречено да работат од дома.

Тоа што ни фали е социјалниот контакт што го имаме на работа, па сега онлајн состаноците ни траат подолго затоа што сакаме да си направиме муабет. Си ја сакаме работата и често не можеме да разграничиме работно време од приватно време и цел ден доработуваме нешто. При регрутација имаме предизвици околу кандидатите бидејќи фали човечката страна при комуникацијата, што некако се губи на далечина, особени за така кратки средби.

Останатите предизвици, се оние со кои се среќаваат буквално сите… Поткаснуваме нешто почесто од што треба, не знаеме кој ден е, а со оглед на времето не знаеме ни кое годишно време е, не обрнуваме внимание многу на што ќе облечеме, и слично.

Имавте ли некој специфичен предизвик кој можеби не можевте да го предвидите?

Пандемијава е црн лебед (black swan) настан, тешко можеш да предвидиш ваков настан, со толку сурови и сеопфатни последици.

Првите наговестувања беа кога се откажа ITB Berlin – Homepage, саемот на кој што требаше да одиме со нашите партнери од Исланд на почетокот на март. Решивме да не патуваме, поради вирусот кој штотуку беше земал замав во Германија. Останатото се одвиваше со молскавична брзина помеѓу епизода од Black Mirror, Outbreak и Contagion. Наеднаш сме ставени да оперираме без прирачник, да се организираме како да работиме, и да се прилагодуваме на ситуацијата.

Она што не може да го предвидиме е колку ќе трае и колкави ќе бидат штетите додека не се најде вакцина. Тоа може да биде во наредниве 12 до 18 месеци, во ИТ тоа е практично пола декада. Веројатно не успеваме да предвидиме многу нешта.

Tука можеби е добро да упатиме повик кон заедницата и останатите компании од нашата големинa и ранг да формираме кризен штаб и да бидемe во блиска комуникцаија, како да си помогнеме во вакви кризни времиња, и како да и помогнеме на земјата во која живееме и на економијата.

Сигурно ќе има уште многу предизвици, сега откако го пребродивме првичниот шок, влегуваме во мод на реализација, константна брза промена и адаптација.

Да им упатиме повик и на здравствени работници, сестри, доктори и специјалите што се во првите борбени редови. Ние сме позади нив, да им го чуваме грбот, додека тие го чуваат нашето здравје. Ако треба да помогнеме со нашите способности, тука сме.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top