0 коментари 1 мин. читање

Како Google гледа на бегалската криза: Македонците најчесто пребаруваат за мигрантите?

Бегалската криза и маките на бегалците се без сомневање најголемата вест овие последни месеци, со голем број на држави кои оваа недела постојано ги преиспитуваат своите ставови. Сепак и покрај односот на властите, тешко е да се предвиди однесувањето и мислењето на граѓаните, можеби еден од подобрите показатели за нивната загриженост е промената во навиките во пребарувањето на интернет.

Анализата на пребарувањата на Google покажува дека: Македонците почесто од сите останати, пребаруваат за теми кои се поврзани со мигрантската криза, јави Forbes повикувајќи се на Google Trends. Зад Македонија на листата се Португалија, Литванија, Ирска и Велика Британија. Според податоците од пребарувањето, значителен пораст на пребарувањето за термините „бегалци“ и „мигранти“ се забележува од почетокот на септември (3-ти септември).

Интересна е и разлика во прашањата за кои луѓето бараат одговори од Google, а се движат од: „Што е миграција?“ и „Зошто бегаат бегалците?“, во Русија;  „Зошто има толку бегалци во Франција?“ и „Зошто бегаат Сиријците?“ во Франција; до „Како да им помогнеме на имигрантите во Берлин?“ и „Каде се бегалците во Дизелдорф?“ во Германија. Најчесто пребарувани „теми“ поврзана со бегалците е: „migrant crisis“, „refugee“ и „migrants“.

Со оглед на тоа дека во Европа пребарувачот на Google се користи во 97 отсто од случаите, без сомневање, она што го презентираат се релевантни податоци.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top