Google и Twitter заеднички ќе се обидат да им помогнат на издавачите нивните содржини да стигнат до што е можно поголем број на читатели. Најавената платформа на корисниците ќе им ги презентира сите податоци на нивните паметните телефони.
Идејата зад платформата е да биде своевиден конкурент или алтернатива, на сличните сервиси кои доаѓаат како: Instant Article на Facebook или News на Apple. Она што ќе го овозможува сервисот е на секој корисник кој ќе го отвори линкот веднаш да му се презентира содржината.
За разлика од сличните проекти кои беа неодамна најавени, проектот на Twitter и Google е со отворен код, а се надеваат и дека техничките компании ќе ги изберат токму поради ова.
За разлика од Facebook кој најави дека ќе ги хостира содржините на издавачите, Google и Twitter ќе чуваат кеширани верзии, кои ќе може веднаш да им ги презентираат на читателите. Издавачите беа загрижени дека поради хостирањето на Facebook, читателите нема да можат да стигнат до нивните сервери и поради ова ќе им бидат намалени приходите од рекламите. На што Facebook одговори дека ќе ги подели приходите од рекламите, а спротивно на тоа Google и Twitter најавија дека сите реклами на кешираните страни ќе бидат исти како на оригиналната страна.
Платформата доаѓа наесен, со помал број на одбрани издавачи, а дел од нив веќе со сигурност ќе бидат: Times, Guardian и New York Times, јави Recode.