0 коментари 1 мин. читање

Како да уништите 6 тона тежок, 4.5 метри висок и 200.000 американски долари вреден робот?

Дечките од MegaBots Inc., компанијата која произведува интересни роботи кои потоа ги става во арени за борба, на својот YouTube профил споделија 7 минутно видео во кое се обидуваат да уништат еден од нивните роботи кој вреди 200.000 американски долари, тежи 6 тона и е висок 4.5 метри. Забавното уништување на роботот сепак има цел, а тоа е да се провери издржливоста на роботот пред дуелот кој роботот ќе го има со јапонскиот Suidobashi робот во првиот Giant Robot Duel во светот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top