0 коментари 1 мин. читање

Бил Гејтс е подобар од Бетмен (инфографик)

Бил Гејтс, ко-основач на Microsoft и вториот најбогат човек во светот, донирал во добротворни цели околу 28 милијарди долари, или скоро 48 отсто од својата вредност, се вели во инфографикот на Frugal Dad.

Според инфографикот, г. Гејтс спасил околу 5,8 милиони животи со инвестирање во вакцини и подобрено здравство за децата ширум светот, посебно во земјите во развој.

Шестте милиони спасени деца не е единственото нешто што го прави подобар од Бетмен, како што го нарече култниот американски комичар Џон Стјуарт, туку и тоа што г. Гејтс бара од богатите да дадат „минимум“ 50 отсто од своето богатство за филантропска кауза за да се подобри здравството и квалитетот на животот ширум светот.

Извор: frugaldad.com

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top