Најпрво, добро е да почнеме со луѓето кои ги знаеме. Голема загуба е што Twitter нема некоја апликација со која би можело да се поврзе со Facebook и да се побара кои твои пријатели користат Twitter. Овде имате листа со надворешни пребарувачи на Twitter, која може да ви биде многу корисна. Затоа што биографските податоци кои ги собира Twitter за еден корисник се минимални, ваквите надворешни апликации можат да ја го зголемат квалитетот на вашето пребарување дозволувајќи ви да пребарувате пошироко и да го лимитирате вашето пребарување. Како добар преставник, погледнете го Тweepz.
Кога ќе се зачлените, Twitter ќе ви понуди да го поврзете со вашиот имеил и да пребарате кој од корисниците на адресите во вашиот именик е на Twitter. Ова и не е толку добра опција, или пак е опција која ќе ви врати сиромашни резултати, поради тоа што многу луѓе користат различни адреси за различни сервиси. Мене ми врати само 2 резултати, но можеби вие ќе имате повеќе среќа.
Поголем успех во пронаоѓањето пријатели на Twitter имав кога споделив линк од мојот Twitter профил на Facebook, што ми донесе некои десетина следбеници.
Иако сега имаме мала базичка од луѓе кои ги познаваме, Twitter за нас сеуште е тивок и неинтересен. Кога би имале секојдневно повеќе твитови кои би ни биле интересни, користењето на Twitter би имало повеќе смисла и динамика. Втор чекор е да пронајдете истомисленици, односно да следите луѓе за кои мислите дека би ве интересирало тоа што имаат да го кажат. За ова Twitter има вградена алатка која ви овозможува да пребарувате по клучни зборови кој за што зборува во моментот или кои се неговите интереси. Единствената лоша страна на ова пребарување е што дава само најскорешни резултати, така да не можете да препознаете дали некој само случајно твитнал нешто слично или пак вистински се интересира за тоа.
За подобро пребарување супер се надворешните пребарувачи од листата во претходниот параграф. Мој совет е да почнете да следите луѓе кои се од вашата околина и кои знаете дека имаат исти интереси како вас. Наједноставно, да ги прегледате луѓето кои ги следи корисникот на профилот кој има исти интереси како вас, и сигурно ќе најдете интересни профили. Дополнително, ако сте заинтересирани за информатиката, можете да почнете да следите некој локален сервис како што е кратките вести на IT.com.mk и потоа со користење на Who to Follow опцијата во Twitter да пребарувате сугестии. Who to Follow ќе ви даде листа на светски познати твитерџии, сајтови и медиуми. За македонски твитерџии не го заборавајте нашиот локален директориум 140.mk, каде што со сите имате барем една заедничка работа: живеете во Македонија.
Кога веќе си го направивме Twitter поинтересен следејќи луѓе кои зборуваат за нашите омилени теми, време да размислиме за тоа што ние ќе твитаме. Иако твитер нема некои официјални правила, има неколку начела на кои би било добро да се задржиме кога се однесува на твитањето:
- Немојте да користите напразно #хаштагови. Ако тоа за кое зборувате не е директно врзано за хаштагот, не го употребувајте. Хаштаг, за оние кои не знаат, е начин да го идентификуваме нашиот пост со други кои се на иста тема, додавајќи му дополнителен контекст. Пример, во моментот додека се протестите во Египет, твитерџиите користат хаштагови #egipt и #jan25. Хаштагот е многу важен за пребарувањето, да ги исчисти поврзаните со контекст твитови од милионите други.
- Не ги игнорирајте оние кои разговараат, ви се обраќаат со @ или ве ретвитуваат. Одговарајте колку почесто можете. Заблагодарете се за RT.
- Не ги претрупувајте своите следбеници со информации. Иако ова е дискутабилно за тоа колку е премногу, сепак знајте си ја мерката.
- Не спамирајте. Така само ќе изгубите следбеници и ќе го убиете „духот” на Twitter кој е споделување информации.
- Не следете ги сите на кои ќе наидете поради надежта дека тоа ќе ви донесе повеќе следбеници. Тоа може да има сосема спротивен ефект.
- Не ги следете сите кои ве следат вас. Иако можеби тоа ви изгледа како љубезно, нема зошто да следите некој кој нема никакви релевантни информации за вас. Ќе се изгубите во хаосот од пораки кои ќе стигаат и нема да можете да го одделите она што е навистина важно.
- …
Добра идеја е и да си инсталирате некое програмче (клиент) како што е TweetDeck за постојано да бидете во тек со тоа што се случува на Twitter. ТwееtDeck на најнеупадлив начин ќе ви ги објавува новите твитови во вашиот горен десен агол, а вие можете да се одлучите дали сакате да одговорите или не. Постојат многу разни Twitter клиенти како TwееtDeck. Изберете си го тој што ви одговара.
И за крај, ако веќе промовирате нешто, немојте да им праќате директни пораки на корисниците, или пак упорно и постојано да ја праќате истата порака. Подобра идеја е да на обичен конверзационален начин да ја поделите со нив, наместо да ги спамирате. Ова е правило како и за Twitter, така и за сите социјални мрежи, но многу компании/корисници грешат во својот пристап тука. Почитувајте си ги следбениците!
Twitter, ако правилно се разбере неговата намена, има многу да понуди. Добивањето кратки, брзи и релевантни информации и одличен концепт за оваа ера на иформации. Добра забава на Twitter!
[…] This post was mentioned on Twitter by Viktor Arsovski and tatanasoska, Boris Kuzmanov. Boris Kuzmanov said: Како да се снајдете на Twitter? – http://bit.ly/g5Vblb […]