Dell направи 3 милиони долари од Twitter

во Веб

{mosimage}Со креативна „ексклузивно на Twitter“ стратегија за објавување на попусти и други поволни понуди за нивните продукти, Dell преку сервисот за микро-блогирање заработи 3 милиони долари за 2 години колку што постои @DellOutlet. Два милиони се само од продадените половни продукти, додека 1 милиони sе од луѓето кои купиле нови продукти.

@DellOutlet има 600.000 следбеници на Twitter. Компанијата која произведува компјутери и компјутерски делови им нуди ексклузивен попуст или зделки на половни делови само за Twitter корисници, односно тие кои го следат @DellOutlet на Twitter.

3 милиони се само џепарлак за Dell кои со продажбата на компјутери заработија 61 милијарди долари во 2008 година. Но ова е интересен пример за креативна маркетинг стратегија со нови интернет медиуми. Интересно е што иако им требаа 2 години за да стигнат до 2 милиони долари профит, им требаше само 6 месеци да стигнат од 1 милион до 2.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments