18 коментари 1 мин. читање

TraWell на Codewell сега ве шета и низ Охрид

TraWell, водичот со проширена реалност на македонскиот стартап Codewell, доби нова верзија со која ве шета низ Охрид. Како и претходната верзија за Скопје, и оваа верзија е достапна за Android телефоните и таблет компјутери, но сè уште се чека на верзии за iOS.

Водичот за Охрид чини околу 5 долари на Google Play, и содржи галерии, мапи до популарни културолошки локалитети, како споменици, цркви, манастири итн, и има опција за оценување и коментирање на баровите, рестораните и останатите локации. Исто така, корисниците имаат можност да споделат е-картичка со пријателите преку друштвените мрежи и имејл.

Како што разговаравме претходно со Мартин Анчевски и Нино Карас, двајцата основачи на CodeWell, стартап со поддршка од ПСМ инкубатор, апликацијата ги таргетира странските туристи со цел да им помогне да ги откријат бројните локации во двата популарни градови во Македонија. CodeWell имаат и други апликации, од кои најпозната е Автобуско.

[youtube]nAp6wVpxdAg[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

18 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top