Microsoft ќе го претстави Windows 8 на BUILD конференцијата на 13-14 септември со почеток во 9 часот пацифичко време, односно 18:00 часот по македонско време. Заедно со Microsoft ќе присуствува и Nokia, иако не се знае дали тие ќе ги претстават новите Windows Phone телефони.
Windows 8 претставува нов оперативен систем кој е комплетно различен од тoj што го навикнавме до сега, односно дизајниран е да биде оперативен систем како за десктоп PC-ја, така и за таблет компјутери. Има комплетно редизајниран интерфејс со опции да се користат екрани на допир за користење на апликациите на цел екран. Windows 8 е обид на Microsoft да ја искористи масовното користење на Windows и да биде конкурентен на Apple кој владее со својот iOS на мобилните уреди и кој неодамна го претстави Mac OS X Lion кој е хибрид на Mac X OS и iOS. Очигледно е дека светските ИТ компании предвидуваат иднина со екрани на допир и моќни мобилни компјутери.
За следење во живо на го препорачуваме Microsoft News Center каде е најавен видео пренос на клучните презентации.
Од популарните ИТ блогови и медиуми го препорачуваме :
- блогирањето во живо од CNET;
- ArsTechnica се одлични за запазување на детали;
- ThisisMyNext се исто добар блог;
- и сигурно многу други… ако имате добар линк споделете во коментарите подолу…