0 коментари 2 мин. читање 13 септември, 2011

Подобренатa мобилна верзија на Bing сега е со интегриран Facebook

Сите оние кои повеќе сакаат да го користат Bing отколку Google, сега ќе можат да се израдуваат на нaдградената Bing for Mobile Browser верзија на прелистувачот на Microsoft. Со новото освежување мобилниот пребарувач сега работи побрзо, полесен е за користење и е подруштвен.

Bing на почетокот од оваа година претстави интеграција со Facebook која им овозможи на корисниците да видат дали некои од резултатите при пребарување се „лајкнати“ од нивните Facebook пријатели. Како што можете да заклучите, истата оваа опција сега е достапна и за мобилната верзија на Bing. Под секој резултат од пребарување ќе можат да се видат фотографии од тројца пријатели кои го имаат „лајкнато“ тој резултат. За да го интегрирате Bing со Facebook, сè што треба да направите е да се упатите во опцијата Settings на мобилниот пребарувач.

Мобилната верзија на Bing исто така е збогатена и со видеа, така што милиони видеа од различни веб сајтови како што се Hulu, MSN, и YouTube сега се овозможени да се гледаат на мобилни. Интересно е и тоа што Bing for Mobile Browse сега има посебни јазичиња за спортски веб сајтови како што се NBA и NHL. Доколку сакате да го испробате новиот Bing за мобилно пребарување, посетете го официјалниот сајт http://m.bing.com/.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top