Како боите ги добиле своите имиња?

Ова е гостински текст од агенцијата за маркетинг и адвертајзинг squareONE, кој е дел од IT.mk серијалот тeкстови на тема маркетинг, дизајн и дигитални медиуми.


Зошто небото и морето се “сини”, а тревата “зелена”?

Логична е помислата дека боите имаат различен назив насекаде низ светот, со оглед на големиот број на јазици и култури. Но, она што најмногу ги интересира истражувачите не се преводите, туку: како боите го добиваат своето име воопшто?

Доколку гледаме на боите во категории, вистината е дека бојата е спектрум. Не е јасно, зошто за некои бои имаме основен поим, а за други пак немаме воопшто име.

Сѐ до шеесеттите години на минатиот век, антрополозите широко верувале дека културите по случаен избор избирале бои од спектрумот и им давале имиња.

Во 1969-тата година, двајца истражувачи на Универзитетот Беркли, Пол Кеј и Брент Берлин, објавиле книга со која ја оспориле оваа претпоставка.

Тие направиле свое истражување кога на 20 испитаници кои зборувале на различни јазици им презентирале 360 чипови на бои и побарале од нив да ги категоризираат според нивниот основен поим. Заклучокот од ова истражување го дефинирало т.н универзален модел каде: доколку јазикот имал шест основни зборови за боја, тие секогаш биле црни (темни), бели (светли), црвени, зелени, жолти и сини. Ако јазикот пак, имал четири термини тие секогаш биле црни, бели, црвени, а потоа зелени или жолти.

Ова сугерирало дека со текот на развиток на јазикот, имињата се создавале во одреден редослед. Прво црно и бело, потоа црвено, зелено и жолто, па сино и сите други нијанси како кафена, виолетова, розова, портокалова и сива. Оваа теорија била револуционерна.

Пол и Брент не биле првите истражувачи заинтересирани за прашањето за тоа како ги подредуваме боите по одреден редослед. Во 1858 година, Вилијам Гладстон, кој подоцна станал и британски премиер, објавил книга за античките грчки дела на Хомер.

Тој бил погоден од фактот дека немало премногу искористени имиња на бои во текстовите, и најчесто Хомер користел ист збор за виолетова со цел да ја опише крвта, темниот облак, брановите и виножитото, дури и морето го споредувал со бојата на виното.

Гладстон не пронашол никакви референци за сина или портокалова боја. Ова укажувало на еден погрешен заклучок дека општествата во минатото не можеле да ги препознаат боите.

Подоцна во XIX век, антропологот В. Риверс на својата експедиција во Папуа Нова Гвинеја, утврдил дека некои племиња имаат само зборови за црвено, бело и црно, а дополнителни зборови за сината и зелената боја.

Сепак, критичарите истакнале дека оваа студија се засновала на многу мал примерок на испитаници, односно 20 луѓе, од кои сите зборувале на два јазика и немале свој единствен мајчин јазик.

До крајот на 1970-тите, Берлин и Кеј имале одговор за критичарите. Тие го нарекле “Светска анкета за боите”. Така, тие го спровеле истиот тест за распознавање во кој биле вклучени над 2600 испитаници кои зборувале единствен мајчин јазик. Тие откриле дека со некои мали измени, сепак се добивала истата хиерархија на бои како и претходно. Осумдесет и три проценти од јазиците спаѓале во оваа категоризација. Притоа, кога направиле просек на сите одговори се добила т.н. топлинска мапа на направени избори. Овие графички прикази биле многу блиски со резултатите на првата анкета. Оттука, се заклучило дека овие бои се распространети најмногу во светот.. но зошто? Зошто зборот за црвенo доаѓал пред зборот за сино?

Некои од научниците претпоставуваат дека овој феномен е заслуга на позицијата на самите бои во природата. Црвената е боја на крвта и преживувањето, додека пак сината не станала популарна сѐ до нејзиното масовно производство во објектите.

Неодамна биле направени когнитивни научни истражувања на ова прашање и биле изведувани компјутерски симулации за тоа како јазикот се развива преку комуникацијата меѓу двајца луѓе. Во симулациите на вештачките учесници им биле презентирани по неколку бои истовремено и преку низа на едноставни преговори истите создале заеднички имиња за различни бои, но прашањето е кој бил редоследот на овие бои? Најпрвин биле забележани црвените тонови, потоа зелените и жолтите, а на крај сините и портокаловите. Овој резултат се совпаднал со природните испитувања на вистински испитаници што сугерирало дека боите содржат нешто што придонесува за формирање на оваа хиерархија. Црвената боја е највпечатлива од сите и затоа е рангирана највисоко.

Ова ни укажува дека именувањето на боите низ светот се должи на основната функција на нашите очи, каде брановите должини на боите кои полесно се забележуваат исто така добиваат имиња многу порано во еволуцијата на една култура.

Но, прашањето кое често се поставува во филозофијата на ова гледање е: дали сите ние го гледаме светот на ист начин?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments