Поголемиот дел корисници имаа одредени навики и со секое вклучување на компјутерот отвораат едни исти програми, фолдери, фајлови, или посетуваат едни исти сајтови. Нема апсолутно ништо лошо во ова, но доколку ви има здодеано рачно вклучување едни исти работи со секое кревање на системот, имаме програм само за вас!
Instant File Opener е програм кој ви дозволува да управувате и брзо да ги отворите сите ваши омилени фајлови, фолдери, програми, и веб сајтови. Можете да создавате повеќе листи, а потоа да ги полните листите со работи кои сакате да се отворат. Пример, можете да наместите со секое вклучување на компјутерот автоматски да се вклучи програм за музика, одредени фолдери со важни документи, word, како и да се вклучи прелистувачот и да се вчитаат страните Facebook, Instagram, или IT.mk. :)
Ваквото покренување, според претходно-оформени листи со задачи може да стапува на сила автоматски, но и со притискање одредено копче. Водејќи се од истава филозофија, Instant File Opener може да ви покаже и мени од фајлови, од каде можете да преземете дополнителни акции.