Како Аpple го спречува лошиот публицитет?

во Хардвер

{mosimage} Таткото на едно 11 годишно девојче од Велика Британија тврди дека Apple се обидел да го спречат објавувањето на случајот со експодираниот iPod на неговата ќерка, настан што се случил минатиот месец.

Кен Стенборо, изјави за The Times дека откако му паднал неговиот iPod Touch, тој започнал да шушти и се загреал. Заради претпазливост, тој го фрлил iPod-от надвор и после 30 секунди истиот пукнал, се појавил чад и скокнал во воздух во висина од околу 3 метра.

За да го спречат лошиот публицитет, Apple му понудил на
господинот Стенборо целосна надокнада за штетата, но тој морал да потпише дискретен договор со кој ќе се согласи да не објавува никакви информации во врска со инцидентот. Стенборо вели дека писмото за него било вознемирувачко и одбил да го потпише.

„Тие сакаат да ме осудат на доживотна казна мене, мојата сопруга и мојата ќерка, да не смееме да кажеме ништо на никого. Ако и ненамерно спомнеме нешто за случајот, тие ќе преземат правни мерки против нас. Јас сметам дека тоа е навистина вознемирувачко. Ние не побаравме никаква компензација за инцидентот, ние само побаравме да ни ги вратат нашите пари назад.” изјави тој за Тimes, oбјаснувајќи дека откако отишол во продажниот салон од каде го купил уредот за да го врати, бил контактиран од директор на Apple, по што му било испратено писмото.

Од Apple засега одбиваат да дадат коментар за ова бидејќи, како што изјави нивниот портпарол, не го виделе уредот и неможат да коментираат за тоа.

{mosimage}

Но, ова не е единствениот случај на експлодиран iPod и единствен случај каде Apple се обидува да го спречи објавувањето на проблемот..

На репортерката Ејми Кленси од KIRO-TV од Сиетл, и требале повеќе од седум месеци за да ги добие сите потребни документи од Комисијата за безбедност на потрошувачките производи, во врска со случаите со iPod-ите кои мистериозно се запалуваат. Таа подготвила барање за Акт за слобода на информациите, но адвокатите на Apple постојано успевале да издејствуваат одлагање на случајот и барање до Комисијата да ја спречат г-ѓа. Кленси во подготвувањето на случајот од преку 800 страници и документи. Според Кленси, документите говорат за 15 инциденти со запалени iPod-и во САД. Во сите овие случаи, истражните лица од американската Комисија за безбедност на потрошувачките производи сугестираат дека литиумските батерии на iPod-ите би можело да бидат изворот на проблемот.

Прилогот за извештајот на Ејми Кленси можете да го погледнете тука.

Во светот има продадено околу 30 милиони iPod и iPhone уреди, но освен во Јужна Кореа каде под притисок на владата iPod Nano беше повлечен од продажба поради слични инциденти со експлодирање и самозапалување, Apple се уште ги продава своите продукти.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments