Новото не e секогаш најдобро

во Совети

{mosimage} Нови верзии на програмите нудат повеќе и поквалитетни услуги, но не секогаш. Понекогаш имаме потреба за постари верзии од некое програмче. На пример, најновата верзија од познатиот мултимедиален плеер BSplayer сега доаѓа со AdWare кој сериозно ја нарушува нормалната работа на компјутерот. Исто така постарите и послабите компјутери често не можат да ги подржат новите верзии од програмите кои ги користат секојдневно.

Затоа ви го препорачувам OldVersion.

На сајтот се наоѓаат околу 3000 верзии на околу 200
различни програмчиња, кои се категоризирани
во неколку групи: Комуникации,
Графика, Мултимедија, Интернет, Споделување на фајлови, Безбедност, FTP …

За секое програмче посебно ги има сите верзии почнувајќи
од најстарата па се до најновата.
Како
олеснителна околност  имате пребарувач со
кој можете полесно да го најдете бараниот софтвер, како и најпопуларните и
најсимнуваните фајлови. Со други зборови OldVersion.com 
е една голема архива на софтвер која може да биде од корист на сите.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments