Како 33 годишниот иноватор кој рециклираше електронски отпад дојде до затворска казна?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Ерик Лангрин е иноватор кој имаше благородна идеја: „Да ги надмине проблемите со електронски отпад и истовремено да ја искористи оваа технологија за иновации“.

За жал, судот од Флорида не сметаше така, па процени дека од секој „restore disk“ имал финансиска добивка. Поради ова му изрекоа казна од 700.000 долари и казна затвор од 15 месеци.

„Одам во затвор, го прифатив ова. Она што не е ОК е што луѓето не разбираат зошто одам во затвор. Се надевам дека мојата приказна ќе помогне да се согледа епидемијата со електронскиот отпад“.

Причината поради која е осуден, според него е недоразбирање. Во 2011 година тој купил Windows recovery диск. За да им помогне на своите клиенти кои можеби сакале резерва или замена за овие дискови, решил да го умножи дискот. Нашол евтино печатење на дискови во Кина и ги порачал. За оваа услуга платил 80.000 долари.

Судот вели дека заработил од продажбата на овие фалсификат дискови. Одбраната на г. Лангрин е дека овие дискови се безвредни без оригиналната верзија на оперативниот систем. Поточно, дисковите без клуч не може да го инсталираат оперативниот систем. Дополнително, Microsoft овозможува бесплатно преземање на оперативниот систем од своите сервери.

Првично, обвинителот ги процени овие дискови на 300 долари. Сепак, конечно диковите се проценети на 25 долари. Одбраната тврдеше дека цената на овие дискови е 0 или блиску до 0 и надвор од тоа што практично немаат никаква вредност.

За жал, судот сметаше дека дел од оние кои ги купиле дисковите сметале дека купуваат оперативен систем. Дополнително, единствен фалсификат е печатот на дискот дека станнува збор за Dell диск. Остатокот е отворен за преземање и Microsoft го овозможува ова.

Ако е бесплатен зошто му се дисковите?

Настанот не е нов. Станува збор за период во кој широкопојасен интернес не беше распространет. Корисниците можеби морале да реинсталираат Windows или да го избриштат дискот заради вирус; ако го зафрлиле дискот кој доаѓа со компјутерот мораа да го симнат оперативнитот систем од интернет, да го префрлат на диск или да позајмат диск од некој го има.

Потоа ќе го инсталираат оперативниот систем со својот „сериски број“. Со ова оперативниот систем се инсталира како лиценциран и нема пиратерија.

Она што го овозможуваат дисковите на г. Ланрин е токму ова, диск кој може да го купите за неколку долари како резерва на инсталацијата. Само со дискот софтверот не може да се инсталира без оригиналниот клуч.

Повеќе податоци за улогата на Microsoft и за самиот судски спор може да прочитате на блогот на Microsoft.

Една од причините поради која Microsoft е вклучен во спорот секако е можноста која компанијата ја нуди за инсталирање на нов оперативен систем на стари компјутери.  Компанијта има соипствена програма со кој а ан своите партнери им нуди можност за продавање на оперативниот систем за 25 долари. Сепак ова е оперативниот систем заедно со лиценцата за користење.

Microsoft смета дела г. Ландгин ги измамил своите корисници дека софтверот доаѓа од официјален канал. Дополнително дел од имејл комуникациајта покажува дека сакал да заработи од дисковите, а царината го предупредила дека станува збор за илегални дискови.

Рециклира од 16 години

Ерик Лангрин рециклира од 16 години за првпат започнал со компјутерите на банката од местото во кое живеел.

„Пораснав во мало место во Вашингтон блиску до границиата. Кога се преселив имаше 14 000 жители и сите беа фармери. Отидов во локалната банка да заменам чек од 84 долари, а од банката ми кажаа:

-Не може да го замените денес, ги  надградуваме компјутерите.

Сакав да заминам, но забележив огромно купче компјутери пред вратата.

– Што ќе правите се комјутерите? – прашав.

Не можеме да ги фрлиме, отровни се. Треба да најдеме некој да ги рециклира.

Само што наполнив 16 години и имац камион. Реков: Јас рециклирам комјутери и оттогаш рециклирам“, вели г. Лангрин за Verge.

Дека дел од судиите ја сфатиле својата задача одговорно, показател е и обраќањето на судијаа Т. К. Харли:

„Ова е тешка одлука. Разбирам се што ми кажувате. Вие те исклучителна личност“.

Г. Лангрин со електронскиот отпад крира нови иновации една од нив е електричен автомобил. Автомобилот на тестовите со едно полнење на батериите извози подолг пат споредено со возилата на Tesla. Г. Харли е креатор на првата хибридна постројка за рециклирање на електроника. Во неговата компанија IT Asset Partners, годишни се процесираат 18 597 тони електронски отпад.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments