Продолжуваме со серијата текстови за корисни екстензии за Chrome. Chrome е најкористениот прелистувач, доаѓа со куп екстензии, па нема недостаток од квалитетни додатоци.
Google Dictionary
Можеби Google Dictionary е една од екстензиите која во иднина би доаѓала интегрирана во Chrome. Екстензијата е развиена од Google и претставува речник на зборови. За жал, преводите на македонски не се поддржани, но ако немате проблем со англиски ќе може да ја користите без поголеми проблеми.
Станува збор за едноставна и корисна екстензија која на корисниците им овозможува едноставна интеракција. Со секое означување на збор се појаувува „балон“ на кој е напишано објаснувањето за зборот.
Најголем недостаток на апликацијата е во ограничувањето кое доаѓа со изборот на јазици. Засега се достапни дваесетина јазици на кои може да се прави преводот.
Boomerang for Gmail
Boomerang е екстензија своевиден менаџер на електронска пошта. Ако честото испраќање пошта не е дел од вашето секојдневие и работни обврски, слободно рипнете ја екстензијата.
Она што Boomerang го прави е ја праќа поштата наместо вас. На пример, ако сакате да испратите порака во определен период, на пример 4 изутрина, Boomerang го прави тоа додека вие спиете.
Секако ако професионално не праќате пошта чувствителна на времето кога е испратена, може да го користите и за испраќање на роденденски честитки.
Stylish
Stylish е екстензија која на корисниците им овозможува да сменат CSS на страниците кои не им се допаѓааат.
Екстeнзијата доаѓа со куп теми за различни страници, иако не се сите премногу корисни. На пример, темите за Google.com ја прават страницaта непрегледна.
Chrome Data Saver
Chrome Data Saver овозможува вчитување на веб-страниците кои ги посетувате преку Google серверите. Овие сервери се користат за компресирање на станиците. Страниците потоа се вчитуваат побрзо.
Секако протокот на податоци не е преголем проблем за десктоп, но сè уште е проблем на мобилните мрежи. Добра вест е дека Chrome Data Saver функционира и на мобилната верзија на прелистувачот.
Tab Wrangler
Имате куп отворени табови кои никогаш не ги затварате, но не ги ни читате? Тогаш Tab Wrangler е вистинската екстензија за вас. Корисникот може да ја искористи екстензијата за автоматски да ги затвора неактивните страниции откако ќе помине одреден период.
Сепак ако имате грижа на совест заради ова, не очајувајте, Tab Wrangler ќе креира и листа на сите страници кои ги затвора.
Fox Clock
Fox Clock е екстензија која ќе има помогне на луѓето кои често соработуваат на проекти со луѓе од различни временски зони. Екстензијата овозможува додавање на часовници за различни временски зони и ви го покажува времето директно во прелистувачот.
FireShot
Ако често ви се потребни скриншоти од целосни веб-страници, FireShot може да ви заштеди време. Екстензијата овозможува скриншот на цели страници или на делови од страница и нивно препраќање на клипобрд, OneNote или имејл.
Не смe ја спомнале вашата омилена или најкористена екстензија досега? Пишете ни во коментари или на мејл!
Разгледајте ја “Open Multiple URLs”. Помага доколку имате листа на линкови кои сакате да ги отворите наеднаш. :)