Гејминг новости од минатата недела #75

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесет и петто издание.

It Lurks Below е симпатична и невообичаена игра која комбинира елементи на Diablo и Terraria, а навлезе во ран пристапот на Steam минатата недела. Гејмплејот е далеку од случајност, особено кога ќе земете во предвид дека на играта работи Дејвид Бревик, креаторот на оригиналната Diablo. It Lurks Below ќе биде дел од раниот пристап неколку месеци, а финалната верзија ќе има цена повисока од моментната, која е 17 евра.

PUBG воведе нов автомобил, ново оружје и бројни балансирања на сите останати оружја со најновото, дванаесетто надополнување. За целосен увид во сите новитети упатете се тука! Најголемата причина за ваквото надополнување е желбата на студиото ја намали доминацијата на одредени оружја и да овозможи поголема слобода во употреба на какви било оружја.

Shadow of the Tomb Raider ќе излезе на 18.септември, а неделава се понуди нов трејлер за играта, како и бројни можности за проверка на играта во моментната состојба.

Frostpunk, една од нашите најочекувани игри за април, успеја да се продаде во 250 000 примероци за само три дена. Невообичаената симулација го охрабри студиото 11 Bit Studios да работи на бројни експанзии и бесплатни надополнувања. Приоритетот е на исправка на бројни багови и имплементирање соодветни балансирања.

Blizzard бара девелопер за PvP шутер, или барем така може да се заклучи од најновиот оглас. Според огласот, се бара лице кое има искуство со развивање оружја, способности и гејмплеј системи за пукачки игри во прво лице. Многумина претпоставуваат дека огласот би можел да биде за Overwatch Battle Royale игра, во стилот на PUBG или Fortnite.

Windows 10 ќе го исфрли следното огромно надополнување на 30.април. Излегувањето на надополнувањето беше одложено од 10.април поради откривање на баг. Бројни промени се очекуваат со оваа надополнување, како подобар Game Bar, напредна измешана реалност, нова виртуелна околина и многу повеќе.

Twitch ја продолжува претходно-зацртаната стратегија за наградување на Prime претплатниците со бесплатни игри. Во мај, играчите можат да се радуваат на бесплатни верзии за игрите Psychonauts, Gone Home, Titan Souls, ClusterTruck, High Hell и I, Hope. Во претплатата е вклучено и гледање сримови без реклами, како и бројни серии и филмови на Video Prime.

Super Monday Night Combat, една од првите игри кои решија храбро да го менуваат MOBA жанрот, згаснува на 24.мај. Како причина за згаснувањето на шест-годишната игра се наведуваат новите ЕУ закони за приватност, односно General Data Protection Regulation (GDPR). Имено, целиот нивен систем за мрежно играње не е во согласност со GDPR и менувањето би чинело повеќе пари отколку што студиото може да си дозволи.

PlayerUnknown’s Battlegrounds и понатаму продолжува да се експлоатира од хакери, но некои од нив веќе почнаа да плаќаат скапа цена. Петнаесет луѓе биле уапсени затоа што развивале и продавале програми за хакирање. Целата група треба да плати казна од 5.1 милиони долари. Студиото зад играта, BlueHole се изјасни дека ќе продолжат макотрпно да работат на сотрување на ваквите програми и лицата кои стојат зад нив.

Origin Access, претплатничката услуга на ЕА продолжува да се шири. Со најновиот бран, играчите добиваат пристап до игрите Mad Max, Pillars of Eternity и Torment: Tides of Numenera. Со моментната понуда, претплатниците добиваат пристап до 100 игри, и тоа за 4 евра месечно, односно 25 евра годишно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments