4 коментари 2 мин. читање

Каде може да купите Raspberry Pi?

Raspberry Pi е евтин микро-компјутер кој има куп можности за ентузијастите кои сакаат професионално или од хоби да се занимаваат со електроника. Веќе се користи од стотици училишта ширум светот за обуки на млади програмери, и се користи од ентузијасти во електроника бидејќи Raspberry е лесен да се хакне и модифицира за различни потреби. Моќното компјутерче чини само 35 долари, па јасно е дека интересот е огромен во светот, но и во Македонија, иако многумина не се сигурни каде може да го најдат. Затоа (инспирани од твитот подолу) се обидовме да пронајдеме каде корисниците од Македонија би можеле да го купат Raspberry Pi.

Прво каде побаравме е во продавниците во Македонија бидејќи не сакавме на 35-те долари, колку што официјално се продава уредот, да ги додадеме и цените за испораки од странство. На наше изненадување, најдовме дека Loging Electronics и GK Solutions продаваат Raspberry Pi. Двете продавници нудат Raspberry Pi B/B+, но цената е повисока од официјалната, па уредот е достапен за околу 3.000 денари. Во Loging покрај Raspberry се достапни и неколку додатоци како PiFace Digital – дополнителна плочка за микро-компјутерот, камера за Raspberry Pi и слично.

Но, македонските продавници сè уште не го продаваат новиот Raspberry Pi 2 кој е најавен со истата цена како претходникот B+, но со „шест пати побрз“ ARM Cortex-A7 процесор на 900MHz, 1GB LPDDR2, 4-USB портови и слот за Micro SD картичка. Новата верзија е доволна моќна и за Snappy Ubuntu, но и за Microsoft Windows 10.

[youtube]uT7ihukaWJk[/youtube]

Доколку ви пречи да почекате, бидејќи очекуваме да го донесат Pi 2 во Македонија наскоро, тогаш Raspberry Pi можете да го порачате и од официјалниот партнер за интернационална продажба – Element14, но овојпат ќе треба да си ја платите поштарината. Со оглед на тоа дека Raspberry Pi чини под 40 евра, не би требало да платите дополнителна царина на уредот. Но рокот за испорака од 5 дена според коментарите на купувачите не е гарантиран за испораки во Македонија.

Конечно уредот е достапен и преку Amazon и Alibaba, но повторно ќе треба сами да си ја платите поштарината. Цената на Raspberry уредите на Amazon e помеѓу 25 и 35 долари, а цените се слични и на кинеската продавница. Ако најдете бесплатна испорака можеби се исплати да си нарачате неколку Raspberry-ија.

[youtube]vw2nTpLFof8[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top