2 коментари 3 мин. читање 6 јуни, 2012

Ќе се менува Законот за следење на комуникациите

Измените на Законот за следење на комуникациите, кои ќе се разгледуваат на јавна расправа во Собранието на Македонија на 7 јуни 2012-та година, предвидуваат бришење или промена на клучни членови во кои се одредуваат условите под кои смее да се прислушува, временските рокови и обврските за документирање и отчет, пишува фондацијата Метаморфозис.

„Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата по работната верзија на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, а во насока на донесување на квалитетен закон и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските за членство на Република Македонија во Европската унија.“, стои во соопштението од Собрание.

Тоа што може да се издвои од докумунтот со измениве е дека се бришат следниве делови од Законот за следење на електронска комуникација:

  • Член 2: „Никој не смее без наредба на надлежен суд да врши следење на комуникациите, освен ако му се наменети или постои согласност на лицето или лицата кои се вклучени во комуникацијата.“
  • Во Член 5 се брише делот што налага да не може некој да се прислушкува вечно, или цел живот: „Следење на комуникациите може да трае само одредено време, што е потребно за собирање на податоци заради остварување на целите на следењето, определени со овој закон.“
  • Член 8 се брише. Со него се ограничува дека прислушкување како мерка може да се примени само при истрага за одредени, тешки кривични дела (изнуда, уцена, перење пари, тероризам, организиран криминал, поткуп).
  • Член 13 се брише. Tој се однесува на официјалната документација поврзана со почеток на прислушкувањето.
  • Член 19 се брише. Toj се однесува на поднесување официјален извештај и запис од прислушкувањето.
  • Член 21 се брише. Toj се однесува на обезбедување пристап до снимените материјали по наредба на суд.
Законот за следење на електронска комуникација е доста осетлива тема бидејќи мора да биде спроведен соодветно за да им даде на властите законска моќ да ја следат комуникацијата кога е потребно, но со судски налог, а при тоа да ја зачуваат приватноста и безбедноста на граѓаните без да ја злоупотребат таа моќ.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Трајанчо
Трајанчо
14 years ago

Ако пројде ова, стварно смо овце, што вика Ивица.

Некој Ивица
Некој Ивица
14 years ago

А ми овце, ке си ќутимо. Нема проблем, нека си гледав политичари скупо реалити тв. Администрација нека ни расне, приватност нека ни се земе. Не сакам политичку расправу, ама стварно претеруев. И не ме они ни толко нервирав, што има да ги гајле наша приватност. Нервира ме што смо овце! Што ништо не презимамо! Куде е сг тј хелсиншки?!?!

Мени
Заедница
Изглед
To top