Јужна Кореја донесе закон за конкуренција во плаќањето на продавниците за апликации

во Мобилни

Јужна Кореја донесе закон кој ќе им наложи на Google и Apple да овозможат додавање на алтернативни, конкурентни системи за плаќање. Со законот девелоперите на различни апликации ќе можат да побараат друг начин за плаќање, кој можеби им одговара повеќе.

Дел од законот кој ќе стане официјален штом го потпише јужнокорејскиот претседател се уште некои измени кои се однесуваат на апликациите. Платформите нема во иднина да можат неразумно долго да го одолговлекуваат прифаќањето на апликации или да избришат апликации од продавниците. Ако компаниите не ги исполнат законските обврски можат да бидат казнети со максимална казна во висина од 3% од заработката која ја оствариле во Јужна Кореја.

Провизијата која ја земаат двете најголеми продавници е 30% од секое плаќање. За плаќање со платежна картичка, што веројатно е една од алтернативите провизијата ќе биде помеѓу 1 и 3% од сумата.

Секако продажбата преку Google и Apple има свои придобивки: плаќањето е безбедно; нема никакви меѓу-чекори; авторизацијата се прави со биометриски податоци.

Неофицијални податоци за 2020 велат дека во AppStore од продажба и плаќање се „влеалe“ 72,3 милијарди долари, а во Google Play 38,6 милијарди долари.

Apple и Google ќе мора да изнајдат некој друг начин да ги покријат своите трошоци во Јужна Кореја. Компаниите веројатно ќе мораат да додадат некаква претплата која ќе биде за дистрибуција на апликациите и ќе овозможи континуирана поддршка за оперативните системи и продавниците за апликации.

За прашањето која би можела да биде алтернативата за платежни сервиси, веројатно како во случајот со Epic Games и Fortnite плаќањето би го обезбедиле самите девелопери. Како најголема потенцијална конкуренција за Google остануваат и самите производители на телефоните кои би можеле да додадат сопствен систем за плаќање.

Двете компании се незадоволни од законот кој наскоро ќе дојде на сила во Јужна Кореја. Претставници на Google и Apple за Verge изјавија:

„Како што ги девелоперите имаат трошоци за да изградат апликација, така и ние имаме трошоци за градење и одржување на оперативен систем и продавница за апликации. Ќе размислиме како да се придржуваме до овој закон истовремено одржувајќи квалитетен оперативен систем и продавница за апликации. Ќе споделиме повеќе податоци ве следниот период“, вели претставникот на Google.

„Предложениот закон ќе ги доведе корисниците во опасност од измама, ќе ја намали заштитата на приватност, ќе го отежни управувањето со плаќањето. Функционалности како Ask to Buy или Родителска контрола ќе бидат помалку ефикасни“, вели претставникот на Apple.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk