Имате 3 до 16 гости, телефон, но не и што да работите? Gogogo! е симпатична друштвена игра од натпреварувачки карактер која се одликува со над 50 игри, како добро познатата игра со меморија, погодување фотографија која полека се разбиструва и бројни други предизвици кои се замислени да ја тестираат вашата меморија, брза реакција, креативност или физичка способност.
На почетокот внесувате колку поени се доволни за издвојување победа и дали вие ќе изберете некоја од понудените игри или пак ќе дозволите да се одбере некоја по случаен избор. Како што напоменавме, доволно е само еден телефон, јасно поставен и видлив за сите учесници. За секоја рунда се одбираат Game Master-и, чијо задолжување е да имаат увид во точното решение и да делат поени.
Gogogo! е феноменална алатка за дружење со вашите најблиски, со симпатични звучни ефекти и музичка подлога. Но, имајте во предвид дека само 20 од игрите се бесплатни. За отклучување на целата колекција, потребно е барање помош од пријател, односна вашата кредитна картичка.