0 коментари 1 мин. читање

Известете ги Facebook пријателите кога очекувате бебе

Facebook додаде уште една опција за објавување на временската лента. Покрај опциите за да додадете ново хоби, цимер, љубовна врска и сличнen „Life event”, како што ги карактеризира Facebook овие важни настани, додадена е и опција да најавите дека очекувате бебе.

Оваа опција не води кон интересен заклучок дека публиката на Facebook полека расне и созрева. Дваесетгодишниците кои први отворија профил, сега, 8 години подоцна, од кога постои Facebook се во нивните рани 30-ти години и полека создаваат семејство. Дополнително, поради младите родители, и нивните пријатели, ова станува и доста потенцијален пазар за маркетинг на бебешки производи, честитки и играчки.

Новата опција „Expecting a baby“ се наоѓа во „Family & Relationships“ преку така ќе можете да го најавите раѓањето на вашето бебе на сите Facebook пријатели.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top