0 коментари 2 мин. читање 27 март, 2012

Google работи на платформа за коментирање која ќе конкурира на таа на Facebook

Сигурно во секојдневното сурфање на Веб сте забележале дека некои десетици илјади веб сајтови ја користат платформата за коментирање на Facebook преку која може да искоментирате со вашиот профил. Оваа платформа е привлечна за многу корисници бидејќи е полесна за логирање, и, поважно, кога ќе се сподели коментарот на друштвената мрежа се генерира сообраќај за сајтот, но и се поканувате пријателите да се вклучат во дискусијата.

Токму таква друштвена платформа наскоро ќе претстави и Google, пишува Next Web повикувајќи се на извори блиски до компанијата и саудискиот блогер Ал-Хавави кој напиша дека Google веќе ја претставил платформата на настан во Саудиска Арабија во која гигантот најавил дека ќе биде интегрирана и со другите Google сервиси. Тоа што е интересно е што Google ќе ги индексира коментарите и ќе ги прикажува во пребарувањето, што значи и полични резултати.

Оваа платформа за коментирање е уште едно делче од целосната интеграција на сите Google сервиси која се случува во последниве месец дена, а која започна со склопување на една единствена полиса за приватност.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top