6 коментари 1 мин. читање

Излезе Ubuntu 13.04 Raring Ringtail

Новата верзија на Ubuntu 13.04 која го носи кодното име Raring Ringtail беше објавена вчера и може слободно да се презема од официјалниот сајт на Ubuntu. Според информациите, новиот Ubuntu 13.04 ги има подобрено голем дел од елементите на оперативниот систем, така што сега би требало да работи подобро.

Ново во Ubuntu 13.04 се и новите друштвени леќи и менито за синхронизација, новите прозорци во Unity стил, преоѓање на Linux Kernel 3.8.8 и обновување на апликациите LibreOffice, Firefox и другите кои доаѓаат стандардно со Ubuntu. Исто така, според некои изјави, Ubuntu 13.04 работи на кодот наменет за паметните телефони и таблетите, па така сега би требало да се заштеди и на батерија.

Со Ubuntu 13.04 не доаѓа Wubi инсталерот кој овозможуваше едноставно и брзо инсталирање на оваа GNU/Linux дистрибуција. А покрај тоа, периодот на поддршка е намален од 13 на 9 месеци. Доколку веќе користите 12.04 или 12.10, за да наградите отворете го само Update Manager-от, или преземете го Ubuntu 13.04 од http://www.ubuntu.com/download.

[youtube]fH2VHiIW_dE[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top