Google го реши проблемот на GNU/Linux корисниците кои се соочуваат со проблемите кои им ги приредуваат Microsoft Office документите. Отсега, Chrome корисниците ќе може да ги прегледуваат Word, Excel, PowerPoint и останатите документи директно преку својот прелистувач.
Не се работи за прикачување на документите на Google Drive или нешто слично, туку додатокот што го имаат развиено – Chrome Office Viewer овозможува директно отварање на документите преку прелистувачот.
Сепак, покрај едноставноста, според Jelte Liebrand, софтверски инженер, со ова се зголемува и безбедноста на корисниците. „Покрај тоа што го зачувува вашето време, Chrome Office Viewer, исто така, ве заштитува и од малициозни програми кои може да се пренесат преку Office документите. Баш како кај веб страниците и PDF документите, ние додадовме специјален сендбокс со што се попречуваат хакерите да ги украдат вашите приватни информации или да ги следат вашите активности.“
Каков проблем имале корисниците на Линукс со отварање на MS Office документи? Со OpenOffice/LibreOffice со децении Линукс корисниците немаат никаков проблем :-)
Никаде не кажувам дека не се отвараат, само колку од текстот си стои како што бил напишан во MS Office? Еве јас со години го користам LibreOffice, порано OpenOffice, па кога отварав .doc преку нив текстот беше поместуван, празни места и не изгледаше на ништо. Особено доколку имаше фотографии или табела.
This application is not supported on this computer. Installation has been disabled.
ете така ми рече хромо кај мене
(незнам од кои причини-иначе дури и се логирав со џимејл акаунто, ама пак истио муабет ми го прај)