0 коментари 2 мин. читање

Излезе првиот број на Лугархија

{mosimage}Момците од корисничката група од Битола, наречена Лугола, која датира уште од 2004 година и досега има работено на голем број активности поврзани со слободниот софтвер, го објавуваат првиот број на својот е-магазин, Лугархија – дигитална анархија. Првиот број на е-зинот, кој ќе третира тематики поврзани со слободниот софтвер и неговата идеологија и активизам, според начинот на кој е создаден а и содржините кои се наоѓаат во него на прв поглед потсетува на старите добри “underground” списанија.

Со
голема цел да ги едуцираат "младите потенцијални хакери од нашето поднебје да се придружат на движењето за слободен софтвер" и со скромни ресурси и услови за работа, Лугархија во своето прво издание содржи само скромни 16 страни, кои се надеваме дека во иднина постепено ќе се зголемуваат со секое ново издание.{mosimage}

"Лугархија е нов начин за известување. Можеби ќе делува малку анархистички затоа што ќе се залагаме за радикални промени и се што ќе направиме ќе биде со минимални средства, а максимални напори. Затоа кењање од типот "добро е АМА" или "ми се допаѓа се АМА" нема да биде баш добредојдено. Заборавете го "AMA" и пишете ни на е-поштата за да придонесете и Вие, не заради нас, не заради Вас, туку зарадите тие до вас." – се вели во воведниот текст на е-зинот, напишан од Александар Балаловски кој во Лугархија е претставен како "gemidjy bawow".

Самото име на е-магазинот е комбинација од Лугола и Архија (владетел) со што буквално го добивате значењето "Владеење на Лугола" или "Лугола владее".

Корисничката група исто така најавува дека секое издание ќе се обиде да го дистрибуира и во печатенa форма во ограничени количини низ средните школи во Македонија, почнувајќи од Битола за да го прошири зборот и да ги пренесе своите размислувања.

За да го разгледате првиот број на Лугархија, следете го следниов линк.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top