Онлајн мисија за исчезнато девојче

во Свет

{mosimage}Откако блогерот Rob Church, татко на 14 годишно девојче забележал дека неговата ќерка е исчезната, започнал онлајн кампања за нејзино пронаоѓање преку својот блог и Twitter профил верувајќи дека интернет корисниците најбрзо ќе ја прошират веста и ќе помогнат во расветлување на случајот.

Објавената кратка порака на Twitter добила огромно внимание од корисниците кои без никакво размислување сеуште ја пренесуваат пораката. Во одредени моменти е забележана и активност каде што по 250 Twitter постови се објавувани во временски период од 5 минути и кои се поврзани со темата за пронаоѓање на 14-годишната McKenzie Church.

{mosimage}

Споделувајќи ги деталите каде неговата ќерка е последен пат видена и со кого, таткото се надева дека интернет заедницата ќе помогне во успешно пронаоѓање на неговата ќерка која се претпоставува дека не е во опасност.

Ваквиот настан од друга страна само уште еднаш ја докажа скриената моќ на сервисот за микро-блогирање Twitter, кој на прв поглед за многумина изгледа како сосема бескорисна и неатрактивна апликација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk