Уште еден гигант се сопна во Европа, Amazon се откажа од купување на iRobot

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

По една и пол година откако Amazon најави дека го купува iRobot зделката пропадна. Слично како и со Adobe и Figma причина за пропаѓањето на зделката се пречките за добивање на дозвола во Европа.

Веднаш по оваа вест производителот на правосмукалките Roomba најави дека ќе отпушти 350 вработени што соодветствува на 31 отсто од вкупниот број. Истовремено директорот и со-основач на iRobot Колин Енгл, најави дека се повлекува од директорското место.

„Разочарани сме што купувањето на iRobot од Amazon не успеа“, вели Дејвид Заполски советник во Amazon. „Веруваме во иднината на потрошувачката роботика во домот и отсекогаш сме биле обожаватели на производите на iRobot, кои ги воодушевуваат потрошувачите и ги подобруваат нивните животи. Amazon и iRobot беа возбудени да видат што нашите тимови можат да изградат заедно. Благодарни сме им на сите кои неуморно работеа за да се обидат да ја направат оваа соработка реалност. Овој исход ќе им оневозможи на потрошувачите побрзи иновации и поконкурентни цени, за кои сме убедени дека би им го направиле животот полесен и попријатен“.

Како причина за пропаѓањето на зделката е наведена „немањето на начин за добивање на дозвола од регулаторите во Европската Унија“. Практично ова е истата причина поради која претходно Adobe се откажа од купувањето на Figma.  Поради пропаѓањето на зделката, Amazon ќе му исплати на iRobot 94 милиони долари. Овие пари ќе се искористат за исплаќање на заемот од 200 милиони долари, од 2023 година. Ситуацијата со iRobot е далеку од идеална. Производителот во последното тримесечје на 2023 забележа загуба помеѓу 265 и 285 милиони долари.

Сепак, правосмукалките на iRobot и натаму важат за најдобрите роботи-правосмукалки на пазарот. За разлика од пред десетина години кога речиси и немаа конкуренција, денес екосистемот е сосем различен. Пазарот е преплавен со значително поевтини правосмукалки, но iRobot се единствените кои постојано се надградуваат. Веројатно поради ова секоја година излегуваат стотици модели кои ги забораваме, а Roomba и 20 години подоцна е на првото место.

Photo by Onur Binay on Unsplash

На почетокот на август 2022 Amazon објави дека ќе плати 61 долар за акциите на iRobot и ќе ја купи компанијата за 1,7 милијарди долари. Една година подоцна, во јули 2023, Amazon ја намали сумата која сакаше да ја исплати од 1,7 на 1,4 милијарди американски долари, откако iRobot се задолжи 200 милиони долари за да продолжи со секојдневната работа.

До ноември 2023 година се чинеше дека зделката ќе заврши успешно. Најголемите држави вклучувајќи ги САД и Велика Британија дадоа „зелено светло“. Сепак, во ноември Европската комисија и формално изрази загриженост дека купувањето ќе ја намали конкуренцијата на пазарот за роботизираните правосмукалки.

„Ова беше неизбежно откако Amazon одби да направи отстапки“, вели Верити Еџертон Дојл од адвокатската канцеларија Linklaters.

До неодамна големите компании добиваа речиси „бланко“ поддршка за своите големи преземања. Ова не е повеќе случај. Само во последните два месеци Европа веќе спречи две големи преземања.

Европската комисија на крајот на ноември ја објави листата со три точки кои беа главни причини за одбивањето на зделката. Во фокусот на сите е моќта која ја има продавницата Amazon да влијае на пазарот во неколку европски држави. Комисијата стравува дека Amazon може да ги спречи конкурентите со целосно отстранување на нивните производи од продавницата; да ја намали нивната видливост на платформата; да ја намали нивната застапеност во виџетите – на пример, „производи кои може да ви се допаѓаат“; Amazon би можел и да ја зголеми цената за реклами и продажба со што ќе влијае и на продажбата. Најголемата продавница во светот е исклучително влијателна во Франција, Германија, Италија и Шпанија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments