Европскиот парламент донесе една од најконтроверзните одлуки досега, барем кога интернетот е во прашање. Без речиси никаква промена е донесен законот кој треба да биде реформа на авторски права, но всушност ќе претставува премногу крута рамка, која најверојатно ќе доведе до само-цензурирање кај огромен дел од платформите.
Двете најпроблематични ставки во Copyright Directive се член 11 и член 13. Членовите се однесуваат на филтери на аплаудирање и данок на линкови. Двата члена на хартија треба да им помогнат на оригиналните креатори на содржините да заработат. Сепак наместо ова е креиран систем подложен на злоупотреба, објаснува Verge.
Така членот 11 треба да обезбеди на медиумите и порталите чии линкови се споделуваат на Google или Facebook, и секоја слична платформа, да заработат од ова линкање. Овие платформи ќе треба да им исплатат некаква сума на креаторите за да ги прикажат овие содржини во резултатите. Наместо ова, најверојатно ќе отворат нов простор во кој ќе се докажуваат патент троловите. Една од промените кои се направени во добра насока е исклучувањето од наплата на данок на линкови на отворените платформи како Wikipedia или Github.
Членот 13 има добра идеја, да се спречи аплоуд на содржина со заштитени авторски права. Лоша вест е дека не постои никаква можност да се направи ова ако не ја скенирате целата содржина. Скенирањето на целата содржина е и онака проблем, но ќе биде значително поголем товар за помалите, односно новите платформи.
Џулиа Реда претставничка на Пиратската партија од Германија, веднаш го прогласи гласењето на законот за катастрофа.
Article 13 vote: The European Parliament endorses #uploadfilters for all but the smallest sites and apps. Anything you want to publish will need to first be approved by these filters, perfectly legal content like parodies & memes will be caught in the crosshairs #SaveYourInternet pic.twitter.com/bTEtXRS3qx
— Julia Reda (@Senficon) September 12, 2018
Предлагачот на законот, европратеникот Аксел Вос, најави светла иднина за креативците и креаторите на содржина во Европа.
Финалното гласање за директивата ќе биде во јануари 2019 година. По што секоја од државите членки ќе треба да го имплементира решението.