Впивајте знаење со Knappily

во Веб

На кратко, Knappily е апликација која се заснова на 5W1H принципот, односно What, Why, When, Where, Who и How, а целта е да ве опсипе со информации на апсолутно каква било тема и да понуди одговори на сите горе-наведени прашални зборчиња.

Па така, денеска случајно наидовме на текст кој го обработува гледиштето дека загадувањето на воздухот нежно ја убива Европа. Со Knappily, ваквиот текст е детално разработен во зависност од прашалното зборче. На пример, доколку кликнете на What можете да прочитате од што се состои во извештајот, а јазичето Why открива зошто ситуацијата со загадувањето воздух станува алармантна. На сличен начин, преку When и Where можете да се информирате за тоа каде се најпроблематичните области и како би можело загадувањето да влијае на економијата. Преку Who и How можете да се информирате кој и како може да се помогне да се преземе нешто за нормализирање на ситуацијата. Оние кои сакаат вакво структурирано впивање содржини тешко дека ќе наидат на поинтересна апликација од Knappily.

Што се однесува до самите содржини, истите се уредно класифицирани во бројни категории и според вашите интереси. Имате на располагање текстови од областа на политика, технологија, литература, филмови, и така натаму.

Knappily се рекламира како единствената апликација за вести од Индија која се наоѓа на Google Editors’ Choice во 2018 година. Не морате да ја инсталирате апликацијата затоа што и самиот сајт е повеќе од одлична алатка за впивање на ваквото знаење.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk