Дизајнот е клучен фактор за успехот на компаниите и нивното онлајн присуство, и е една од најсеопфатните креативни дисциплини. Како да станеш врвен дизајнер и да дизајнираш графички решенија за кои ќе се зборува?
Brainster во соработка со најдобрите македонски дизајнери ја лансира Академијата за дизајн: Graphic, Web & UX/UI. Академијата ќе трае 16 недели + 4 недели загарантирана платена пракса.
Уписите за Академијата се во тек. Види ја програмата тука.
Зошто Академија за дизајн и кои се нашите инструктори?
Поради зголемената потреба од професионалци во графичката индустрија, ги собравме најискусните дизајнери од Македонија и регионот за да ги создадеме дизајнерите на иднината. Студентите ќе учат под менторство на: Даниел Јанев, Зоран Кардула, Јане Наумоски, Дијана Димитриевска, Небојша Гелевски – Бане, Ана Тодоровска, Дарко Аницин. Повеќе за нив можеш да прочиташ тука.
Оваа програма има за цел да ги претвори почетниците во професионални дизајнери. По завршувањето, целта е најмалку 95% од учесниците да започнат со работа како дизајнери во маркетинг агенции, компании, фриленс, на проект или во своја компанија, не подоцна од 6 месеци после завршувањето на Академијата.
Што опфаќа оваа Академија?
- Интерактивно развивање на практични вештини;
- Учење преку дизајнирање за клиенти;
- Континуирано менторство од најдобрите дизајнери во Македонија;
- Загарантирана платена пракса по завршувањето;
- Врвни експерти од областа како;
- Учење на процесот – од идеја до комплетен дизајн;
- Подготовка на целосно дизајнерско портфолио.
На оваа Академија ќе ги стекнеш оние вештини кои се веднаш применливи на работно место. Без разлика на твоето претходно искуство или професија, на оваа Академија, ќе ги истражиш елементите на добар дизајн и ќе научиш како да ги примениш на различни проекти. Од теорија на дизајн, апликабилна во дигиталниот свет, до софтвери потребни за успешна кариера како дизајнер. Со секое наредно поглавје, ќе имаш шанса да ги примениш вештините, дизајнирајќи реални проекти за вистински компании.
Претвори ја креативноста во успешна кариера и биди во конкурентска предност пред останатите. Апликациите за Академијата за дизајн се во тек. Започнуваме на 5ти ноември.
[…] лансиравме Академијата за Дизајн и првата група е во […]