Поискусните корисници знаат дека бришењето на податоци со притискање на копчето Delete и празнење на Recycle Bin не е доволно и, доколку соодветно се реагира, податоците можат да се повратат со програми како Recuva. Ова е добро-позната метода на хакерите и љубопитните лица кои сакаат да ѕирнат во вашата приватност доколку им се укаже можноста.

За да избегнете непријатни ситуации и за избришанотo навистина да остане избришано, ви препорачуваме чувствителните податоци, како слика, видео или документ, секогаш да бидат избришани со соодветна програма, особено пред да сервисирате, продадете или фрлите направа која располага со еден хард диск.
OW Shredder e бесплатна софтверска апликација која ќе се погрижи податоците неповратно да се избришат. Програмата, исто така, се одликува и со други корисни алатки за поефикасно ослободување простор и забрзување на работата на компјутерот. За пофалба е десктоп виџетот кој овозможува инстантно и неповратно бришење со едноставно влечење и пуштање на фајловите врз алатката. Програмата работи така што неколку пати ги презапишува податоците во секторот на хард дискот каде што се наоѓале податоците.
На тема бришење на податоци, доколку сте заинтерсирани да ги отстраните профилите од онлајн акаунтите кои ги користите, прочитајте го овој напис.







