0 коментари 3 мин. читање 1 октомври, 2016

Промени во системот за итни известувања во САД за поголема интерактивност

Федералната комисија за комуникација на САД ги прошири законските одредби со кои сега дел од законите за комуникација се построги, а дел се порелаксирани. Промени се направени и за бежичните случаи за итни потреби (Wireless Emergency Alerts). Општа пракса во САД е граѓаните да добијат известување за итни случаи во областа во која што живеат – од временски непогоди до терористички аларми, директно на своите мобилни уреди.

Така, со новите промени зголемен е бројот на карактери кои можат да се употребат во овие пораки од 90 на 360. Пред неколку недели властите издадоа безжична потерница по осомничен за терористичка закана која гласеше:

„Се бара: Ахмед Кан Рахами, 28-години, маж. Побарајте слики во медиумите. Вртете на е 9-1-1 ако го видите. (WANTED: Ahmad Khan Rahami, 28-yr-old male. See media for pic. Call 9-1-1 if seen.)“

Сега провајдерите мора да поддржуваат вметнување на линкови до телефонски броеви или URL за побрз пристап до информацијата. Провајдерот ќе мора да испраќа пораки во фокусирани реони, а не овие пораки да стигаат до корисници за кои се нерелевантни. Конечно со оглед на бројот на жители на САД кои говорат единствено шпански јазик, провајдерите мора да нудат поддршка за пораки испратени и на овој јазик во областите каде што живее такво население.

Провајдерите се согласија на новите промени. АТ&T најави дека ќе започне со тестови на својата мрежа. Тестот ќе биде достапен единствено преку 4G мрежата. Единствената забелешка дојде од Apple кој советуваше дека пораките треба сепак да останат покуси, додавајќи дека iOS нема можност за точен и прецизен превод на пораките, пренесе Motherboard.

Искрено се надеваме дека и европските оператори, вклучително и домашните, ќе започнат со примена на ваков систем – сегментиран по градови. Ваквите системи можат драстично да помогнат при разни случувања и природни непогоди како што беа поплавите со пример брзо информирање на граѓаните да не ја користат обиколницата или пак слични известувања.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top