Единаесетата епизода на подкастот #ИТН ја посветивме целосно на македонската стартап заедница. Почетната идеја беше да ја претставиме иницијативата Founded in Macedonia чија цел е да ги здружи македонските стартапи и инвеститорите. Но, кога имаш гости како Теди Пејоски од G6 Solutions и Митко Цабевски од u:Plug, стартап кој доби 100.000 долари инвестиција од Eleven, тогаш не може да зборуваш само за една иницијатива, туку за се – од што им фали на македонските стартапи, кои се лекциите кои Теди и Митко ги научиле, до повик за обединување на пролетерите стартапите.
#ИТН e подкаст за информатика, технологија и наука, направен како соработка помеѓу IT.com.mk и Радио МОФ; го водат Виктор Дано и Викторија Николовска, а продуцент е Димитар Були Вандовски. Новата епизода се емитува секој четврток од 19:00 на Радио МОФ. Подкастите може да се преслушаат во било кое време.
ITN Podcast E11 by Radio Mof on Mixcloud