0 коментари 2 мин. читање 20 август, 2018

ИТ Настан: WordCamp Skopje е настан за сите WordPress ентузијасти

Ако поседувате или менаџирате некој WordPress сајт, тогаш најверојатно веќе и забележавте дека во Скопје за прв пат се организира Wordcamp. Ова е WordPress настан кој е поддржан од „Wordpress Fondation“, главниот товар на организацијата паѓа на волонтерите и ентузијастите кои го организираат.

„Задоволство ни е да ве известиме дека за прв пат во Скопје се организира Wordcamp поддржан од WordPress Fondation. Настанот ќе трае два дена, 13-ти и 14-ти Октомври во просториите на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, во Скопје.“

Настанот е наменет за сите корисници, девелопери почетници/експерти и било кој љубопитен WordPress фан. Секако главно на овие настани е запознавањето, споделувањето идеи како и можноста за дружење со WordPress заедницата.

Засега настанот е во фаза на организација и потребни се волонтери и спонзори, но и предавачи. За повеќе податоци за настанот одете на WordCamp Skopje.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top