2 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Вадете шпилови! Закажан е втор турнир во Hearthstone

Охрабрени од стотина фанови кои се појавија на првиот официјален турнир во Hearthstone во Македонија, Гоблин друштвени игри го најави и вториот натпревар кој ќе биде „многу поголем, многу подобрен, со многу повеќе награди…“. Hearthstone e популарна видеоигра на Blizzard која глобално има 20 милиони играчи, и една од ретките игри со дигитални карти која може да се игра на мобилни телефони, таблет и десктоп компјутери.

Турнирот со дигитални карти овој пат ќе трае два дена, од 27-ми и 28-ми февруари во просториите на Seavus. Поканети се сите играчи, од аматерите кои започнуваат да го креираат својот шпил до искусните стратези. Секој учесник ќе добие специјална позадина Fireside Frends на своите карти, и ќе може да се натпреварува за вредни награди. Главната награда е 10-инчен Samsung Galaxy Tab E, но ќе има награди како глувчиња, слушалки и други друштвени игри. „Настанот е замислен како големо дружење на сите љубители на Хартстоун, кои сакаат да поминат прекрасен викенд играјќи ја играта што најмногу ја сакаат“, велат од Гоблин гејмс, кои се единствената македонска продавница за продажба на игри на табла.

За вториот турнир пријавувањето за турнирот целосно ќе се врши oнлајн преку оваа форма, најдоцна до 25-ти февруари! Повеќе информации има на настанот на Facebook.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top