Instant Articles ќе бидат достапни за сите медиуми и блогери на Facebook

Avatar img-thumbnail img-circle

во Останато

Instant Articles е обид на Facebook да биде првото место на кое би сакале да објавите и да читате вести. И можеби ќе му успее во тој план бидејќи Instant Articles е навистина кул технологија која наместо да ве води од Facebook преку линк до сајтот на медиумот, ви прикажува исчистена и минималистичка страна која го вчитува текстот за секунди.

Facebook најави дека тест периодот за сервисот е при крајот, па од 12-ти април сите кои имаат вебсајт можат да го користат за хостирање на содржините. Социјалната мрежа го креираше Instant Articles бидејќи забележаа дека префрлањето од Facebook на сајтовите кои нудат содржини е бавно, па наместо тоа понудија едноставно решение кое го прикажува само тоа што ве интересира – односно текстот што сакате да го прочитате.

Можеби најголем предизвик на Instant Articles е што Facebook се претставува како агрегатор кој не ве префрла на сајтот на медиумот, игнорирајќи ги сите реклами. Затоа се отвори дискусија околу заработката од рекламите кои ќе бидат поделени во сооднос 70 на 30 доколку рекламите ги обезбедува социјалната мрежа, а доколку издавачот сам ги обезбеди тогаш ја задржува заработката во целост. Надминат е и делот кој беше проблематичен за дел од издавачите што го ограничуваше бројот на реклами кои можат да бидат презентирани. „Медиумите и новинарите се клучен дел од Facebook, а ние сме определени да донесеме продукт кој ќе биде најдобро можно решение за издавачите и за читателите. Со Instant Articles издавачите имаат потполна контрола врз содржините, но и податоците и рекламите“, вели Facebook.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
3 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] страните на Google се конкурент на Facebook Instant Articles, односно се страни кои треба да се отвараат инстантно. […]

trackback

[…] алатките во своите стримови. Како што најавија, и Instant Articles сега е достапен за сите. Платформата овозможува […]

trackback

[…] април сите кратори на содржини ќе можат да го користат Instant Articles на Facebook, вклучувајќи ги и WordPress сајтовите. Automattic, во соработка […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk