0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Студенти, учете за мобилни апликации на Code App, Level Up 2

Во Македонија има еден куп студенти од техничките факултети кои знаат како да испрограмираат нешто, но заглавуваат кога ќе треба да го продадат својот продукт. Затоа, со цел да го подобрат претприемаштвото, EESTEC Скопје, во соработка со Студентскиот парламент на ФИНКИ, организира еднонеделна интернационална работилница на која, освен што ќе се креираат мобилни апликации, ќе се учи и за дизајн и склопување добар бизнис план.

Втората Code App, Level up е закажана од 8-ми до 15-ти декември, а на работилницата, освен 12 интернационалните студенти, ќе можат да учествуваат и дваесетина македонски студенти од техничките факултети, бидејќи курсот ќе биде напреден. Пријавувањето е во тек.

Освен обука и работа со ментори, работилницита ќе има и натпревар за најдобра апликација по тим составен од по два учесника од секој модул. Има три модули, за развој и кодирање на Android и iOS апликации; за дизајн на кориснички интерфејс; и за развој на бизнис план како да се продаде продуктот и да опстане на паарот. Мобилните апликации ќе бидат претставени во финалето, последниот ден.

Повеќе за настанот може да чуете на последната епизода на #ИТН:

ITN Podcast E04 by Radio Mof on Mixcloud

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top