0 коментари 2 мин. читање 25 ноември, 2014

Роботите треба да се тестираат за креативност

Откако неодамна компјутер контраверзно го помина Тјуринговиот тест, и покажа дека новите технолгии се малку понапредни одошто се очекуваше во минатото, професорот Марк Ридл oд Georgia Institute of Technology предлага ново решение. Следното ниво за докажување на интелегенцијата да биде креативност. Тестот наречен Lovelace 2.0 ќе биде креирање на поема, јави ВВС.

„За тестот да биде успешен, вештачката интелегенција треба да направи кративен артифакт од подгрупа уметнички жанрови за кои се смета дека е потребна човечка интелегенција, а и делото треба да достигне некои креативни ограничувања дадени од страна на човекот кој ќе го проценува делото“, вели проф. Ридл.

Дел од експертите сметаат дека машините и сега веќе исполнуваат некои од овие тестови. На пример алгоритми се користат за пишување на текстови, а дел од роботите веќе можат да имитираат емоционална интелегенција, а компјутерите можат да напишат и музика.

„Популаренo мислење е дека луѓето се различни од машините бидејќи луѓето поседуваат креативност, додела вештачката интелегенција следи строго зацртани рационални правила. Ова е утешително, но погрешно. Веќе има роботи кои манифестираат основна емотивна интелегенција, а комјутерите веќе можат да напишат инспиративна музика“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top