ИТ настан: Студенти и ИТ компании ќе се запознаваат на Job Fair Vol. 2

во ИТ.МК, Совети

Job Fair Vol. 2 е отворен настан на кој студентите ќе се запознаат со компаниите, кои пак ќе можат преку нивното CV да најдат таленти за идни вработувања. Саемот за вработување и кариера е закажан од 5 до 7 мај, на комплексот технички факултети и, за прв пат на Факултетот за дизајн на мебел и ентериер.

Саемот три дена и има за цел да им понуди на компаниите да одржуваат обуки со кариерно поврзана тематика, да стапат во директен контакт со студентите и да ги презентираат своите дејности и главни активности на студенти кои во иднина можат да ги регрутираат за потребите на својата компанија.

Организаторот Бордот на европски студенти по технологија – Скопје (BEST) вели дека настанот привлекува над над 50-тина компании, и секоја година го поседуваат околу 5.000 студенти кои слушаат предавања и обуки за да се информираат што ги чека после факултет. Во деновите кои се предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели и потреби во однос на бараниот кадар, а студентите ќе можат да се информираат подетално, да постават прашања или лично да си го претстават своето CV.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments