0 коментари 2 мин. читање

ИТ настан: Startup Meetup на SuperFounders Skopje со Пауло Андрез

Најавен е првиот стартап митап на SuperFounders Skopje во 2015-та година. Освен запознавање со стартапите и вмрежување на претприемачите, главна тема ќе биде Start програмата за менторство на локални стартапи. Програмата е наменета за сите стартапи кои започнуваат со идеја што сакаат да ја реализираат и врз неа да изградат бизнис план, но не знаат како да го направат тоа. SuperFounders им помага со менторство од искусни претприемачи, и со обуки како да се направи валиден продукт.

„Ќе ги претставиме резултатите од минатата година, како и имињата кои ќе бидат вклучени како ментори и предавачи во програмата, форматот, распоредот и рокот за пријавување. Ќе бидат присутни и некои од учесниците во минатите Старт програми, со кои ќе можете директно да поразговарате за нивното искуство“.

Специјален гостин ќе биде почесниот претседател на Европската асоцијација на бизнис ангели, Пауло Андрез, кој ќе биде вклучен во плановите на SuperFounders во 2015 година. Ќе има и презентација на неколку од поуспешните стартапи кои ќе добијат бесплатно советување од г. Андрез и менторите, што е „одлична прилика да се запознаете со квалитетот и резултатот на нашите учесници“.

Настанот е закажан за 2-ри февруари, понеделник, со почеток во 16:45 часто во просториите на SuperFounders Skopje.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top