Се сеќавате на светот без Интернет? И сега размислите убаво што се е променето од тогаш до денес, кога интернетот е исто толку неопходен и колку струјата и водата. Светот е поврзан, но и покрај сите бенефити на неограничената комуникација и пристапните информации, дали сте размислиле што всушност губите со Интернетот? Тој сепак не е бесплатен, го плаќате со вашите лични информации и се губите во простор кој не го познавате бидејќи на Интернет, правилата за комуникација се целосно други.
Современиот дигитален свет е тема на четвртиот TEDxBASSalon закажан за 10-ти септември во Бизнис Академијата Смилевски – Битола, со почеток во 19:30 часот. На официјалниот лиценциран настан на TEDxBASSalon ќе се прикажат три TED говори. Првиот oд Шери Туркл, професорка по социологија на престижниот МИТ универзитет, која ќе зборува за начинот на кој дигиталните уреди и друштвените мрежи не отуѓуваат од самите себеси и ни ја намалуваат способноста за правилна комуникација. Другите два говори се од Џенифер Голдбек и Ели Паризер, двајцата компјутерски научници кои ќе зборуваат за корпоративниот аспект на друштвените мрежи. Трите говори ќе бидат проследенини со интерактивна дискусија со публиката, експерт гостите кои наскоро ќе бидат објавени и модерирани од Огнен Јанески.
Учеството на настанот е бесплатно, но бројот на места е ограничено. Сите дополнителни детали можете да ги погледнете на Facebook каде ќе ја најдете и формата за пријавување.