ИТ настан: Работилница за безбедност на комуникации и безбедно користење на телефон

во ИТ.МК, Совети

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв – меѓународни денови на акција“ која е присутна во Македонија уште од 2008-ма година, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија ќе организира трибина на тема безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите. Трибината ќе се одржи на 19 октомври, од 11 до 13:30 часот во ГЕМ клубот во Скопје, а ќе присуствуваат тројца говорници: Предраг Тасевски од Cybersecurity.mk, Виолета Ѓорѓиевска од Internet Hotline Provider – Macedonia и Билјана Волческа од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Истиот ден во просториите на ГЕМ клубот ќе се одржи и работилницата за безбедно користење на мобилни телефони, а тренер ќе биде Предраг Тасевски. Местата за посетители на работилницата се ограничени, па поради тоа оние што сакаат да учествуваат треба се пријават на овој формулар најдоцна до 16 октомври, петок, до 14 часот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments