ИТ Настан: Работилница Rails Girls – Get started with tech

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.МК

Добри вести за сите. По 5 години Rails Girls работилница повторно се враќа и во Македонија. Целта на овие работилници е да бидат влезна точка за што повеќе девојки за програмирање и развој на веб технологии. Настанот е бесплатен, а учесничките треба да имаат основно познавање од работа на компјутер и да можат да донесат лаптоп. Rails Girls Skopje 2019 ќе се одржи на 12 и 13 април во просториите на WebFactory.

За настанот, работилницата и Rails Girls ги прашавме Мариана Јаневска, Ивана Спасова и Михајло Штерјов.

Што е Rails Girls? Кажете ни нешто повеќе за настанот?

Михајло: Rails Girls е глобална непрофитна организација чија цел е да обезбеди алатки и заедница на девојки заинтересирани за програмирање и развој на нивните идеи. Сето ова, преку обезбедување на искуство во развивање на дигитални нешта и преку зголемување на достапноста на технологијата. Започната е во Финска од Linda Liukas и Karri Saarinen.

Првата работилница е одржана во Хелсинки во 2010. 9 години, се организира на преку 220 локации во светот. Навистина ни е мило бидејќи од годинава и Скопје се наоѓа на мапата на Rails Girls помеѓу Токио, Чикаго, Лондон, Луксембург, Брисел, Лос Анџелес и многу други.

Од каде потекна иницијативата за организирање на оваа работилница и кај нас?

Мариана: Во 2014 јас бев ментор на првата работилница Rails Girls во Скопје. За мене беше уникатно и прекрасно искуство бидејќи тогаш бев на самите почетоци на мојата програмерска кариера и успеав да го споделам мојот ентузијазам со сите учесници. Беше микс на кодирање, учење, запознавање и забава.

Оваа година, заедно со моите колеги Ивана и Михајло, со гордост може да кажеме дека после 5 години успеавме да го вратиме пинот на Скопје, и да бидеме една од 227-те светски градови каде успешно е преземена оваа глобална иницијатива.

Која е целта на настанот?

Ивана: Сметаме дека е од особена важност да се актуелизираат и организираат вакви настани и работилници бидејќи живееме во ера на дигитализација и ИТ едукацијата, дури и на базично ниво, е многу важна бидејќи претставува чекор напред во промена на размислувањата и придонесува за демократизација на технологијата како избор на професија и на женската популација. Целта на работилницата и на самата иницијатива е да вклучи што поголем број на учеснички кои успешно ќе бидат воведени во web development од менторите, ќе создаде цврста заедница за отворена соработка помеѓу сите девојки кои се заинтересирани да навлезат во светот на технологијата од страната на паметното користење, создавање, и развивање на идеи.

Последните години многу се актуелни дебати и статистики за теми како родова еднаквост. Сепак, таа родова еднаквост во развиени општества каде сите имаме еднакви права за образование треба да биде разгледана и низ призмата на ИТ едукацијата. Односно, акцентирањето на избор на глобално-конкурентни професии, континуираната доедукација, учење и пробување на нови технологии и паметното адаптирање во дигиталниот глобален свет на секоја девојка би биле прашањата на кои треба да им посветиме поголемо внимание.

Rails Girls не е обична работилница, повеќе е можност и влезна точка во програмирање и web development. Целта е да ја актуелизира технологијата, да ја направи подостапна и да ги тргне стигмите дека програмирањето е навистина тешко и невозможно. И сето ова преку изработка на апликација во Rails, бидејќи јазикот и технологијата се многу „beginner-friendly“, а форматот на работилницата е одличен за вовед на почетници.

Мариана: Апликантите за време на оваа работилница ќе научат основи на sketching, prototyping, базично програмирање и ќе бидат воведени во светот на технологијата.

Ова е одличен workshop за:

  • Сите кои се заинтересирани за програмирање но, не знаат од каде да почнат
  • Работат во IT компанија но, не од техничката страна и сакаат да комуницираат поефективно и поефикасно кога станува збор за програмирање
  • Сакаат да се запознаат со Rails
  • Потребно им е менторство за да добијат поголема самодоверба при изработка на апликација од идеја до реализација

Апликациите се отворени за учесници кои се заинтересирани да помогнат како ментори, и секако за учесници кои сакаат да се приклучат како учесници на настанот. Настанот ќе биде на македонски и англиски јазик, а организаторите ветуваат дека ќе се обидат да донесат повеќе говорници кои ќе говорат на македонски.

Сите кои сакаат да помогнат како ментори и да го споделат ентузијазмот за програмерство потребно е да ја пополнат следнава форма.

Доколку сакате да се пријавите како учесник, аплицирајте тука.

Работилницата е закажана на 12 и 13 Април, во просториите на Web Factory LLC. За сите новости и информации следете ги Rail Girls Skopje, на друштвените мрежи: Twitter, Facebook, Instagram!


Напомена: IT.mk е медиумски партнер на настанот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Апликантите за време на оваа работилница ќе научат основи на sketching, prototyping, базично програмирање и ќе бидат воведени во светот на технологијата. Ова е одличен workshop за сите кои се заинтересирани за програмирање но, не знаат од каде да почнат. Но, и за луѓе кои работат во IT компанија но, не од техничката страна и сакаат да комуницираат поефективно и поефикасно кога станува збор за програмирање. Можеби сакаат и да се запознаат со Rails или им е потребно менторство за да добијат поголема самодоверба при изработка на апликација, вели Мариана Јаневска во претходно интервју за IT.mk. […]