0 коментари 2 мин. читање 29 јануари, 2019

Баг во FaceTime им овозможува на корисниците да ги прислушуваат луѓето на кои им ѕвонат

Групните разговори за FaceTime привремено се блокирани, откако Apple забележа дека имаат посериозен проблем. Багот на корисникот кој се јавува му овозможува веднаш да слушне што се случува на „другата страна“, иако другиот корисник сè уште не го прифатил повикот.

Дополнително, дел од корисниците јавуваат дека пропустот овозможува истото да се случи и со видео разговорите. Пропустот може да се активира со iPhone X и iPhone XR, но и со било кој уред на iOS 12.1 или понова верзија, вели 9то5Mac кој успеа да го рекреира пропустот. Еве како функционираше пропустот:

  • Корисникот му врти на некој од своите контакти преку FaceTime
  • Додека уште „ѕвони“ со повлекување на прст преку екранот се одбира „AddPerson“
  • На овој екран корисникот го одбира сопствениот телефон.
  • Разговорот почнува помеѓу корисникот кој вртел, а се слуша аудио или гледа видео и од корисникот кој сè уште не го прифатил повикот.

Поради пропустот било кој корисник можеше да прислушува било кого, без притоа повикуваниот корисник воопшто да знае дека аудиото или видеото се веќе во живо кај другиот корисник.

Оваа недела е најавена надградба на софтверот со кој FaceTime групните разговори ќе бидат вратени.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top